Македонците не се откажуваат од грчките плажи

Грција и годинава останува хит дестинација за летување.

Од туристичките агенции велат дека граѓаните не се откажуваат од грчките плажи, а освен Грција, атрактивни се и крстарењата.

“Интересот е секако најголем за Грција. Цените оваа година се десет до дваесет проценти поголеми од минатата година. Оваа година поголем интерес има и за крстарењата што веќе ги работиме, луѓето сакаат да одат на крстарења, изјави Емица Димитровска, туристичка агенција НЕТ БЕЈ
И покрај последните случувања, од агенциите велат дека не изостанува и големиот интерес на Турција.

“И понатаму Турција останува топ нај барана дестинација , не само заради дестинацијата , она што го нуди, туку заради условите што ги овозможуваме нашите клиенти да патуваат евтино и квалитетно. Еве сега иаме во понеделник чартер за Анталија и моравме да побараме поголем авион и места повеќе, цените се слични , нема покачување или намалување , стандардно е“ изјави Сузана Зелениковска, туристичка агенција Фибула травел.
Граѓаните кои ги прашавме имаат различни планови за летување.

“Не одиме на одмор , имаме работа и не одиме на одмор“ изјави граѓанин

“Планираме да одиме во Охрид или Струга“ изјави друг граѓанин

“Не одиме на одмор, нема финании“ изјави граѓанин

“Да во Грција ќе идеме, оддамна немаме отидено“ изјави граѓанин.

“ Да во Грција ќе идеме, последните две три години одиме таму“ изјави граѓанин.

Освен летувањата, од туристичката агенција Нет Беј велат дека голем интерес има за организираните патувања на големите спортски натпреварувања. Нет Беј го имаат ексклузивното право за организирање на патувањата за европското првенство во Словенија во септември, каде што ќе игра македонската кошаркарска репрезентација.

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Американските власти почнаа преговори со властите на Нигер за повлекување на американските војници од оваа западноафриканска земја, соопшти синоќа Пентагон.

Војниците досега беа во оваа земја за борба против џихадистичките екстремисти во регионот Сахел, на кој му припаѓа Нигер.

Владата на Нигер, која се појави по минатогодишниот државен удар, одлучи минатиот месец да го раскине договорот за воена соработка со САД, соопштувајќи дека присуството на американски војници во Нигер сега е „нелегално“.

Минатата недела Вашингтон конечно се согласи да повлече повеќе од 1.000 војници од земјата и објави дека испраќа делегација во Ниамеј за да се договорат за деталите за повлекувањето.

-Можеме да го потврдиме почетокот на разговорите меѓу САД и Нигер за уредно повлекување на американските сили, рече портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

„Мала делегација од Пентагон и американската команда во Африка“ учествува во разговорите, а САД „ќе продолжат да ги истражуваат можните опции за да се осигураат дека секогаш сме способни да се справиме со потенцијалните терористички закани“, додаде Рајдер.

Шефот на дипломатијата на Нигер, Бакари Јау Сангаре, изјави дека денеска имал „разговори“ со американската амбасадорка во Ниамеј, Кетлин Фицгибон, за „прашањето за заминувањето на воените трупи од Нигер“.

Разговорот се одвивал во присуство на Марија Барон, директорка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Ниамеј, која изрази уверување дека агенцијата „ќе ја продолжи билатералната соработка“ со Нигер, се наведува во соопштението.

Во Нигер, САД имаат голема база за беспилотни летала во близина на Агадез. Неговата изградба чинела околу 100 милиони долари.

По државниот удар со кој беше соборен избраниот претседател Мохамед Базум, новиот воен режим брзо побара повлекување на трупите од Франција.

Воената хунта политички се зближи со Русија, како и Мали и Буркина Фасо, земји со кои исто така владеат воени хунти. /MИА

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Портпаролот на Цивилната заштита на Појасот Газа Махмуд Басал изјави дека во последните три дена биле ексхумирани над 200 тела на луѓе убиени и закопани од израелските сили во масовни гробници во болницата Насер во Газа.

- Нашите тимови продолжуваат да пронаоѓаат тела во медицинскиот комплекс Насер и од саботата се ексхумирани телата на околу 200 маченици, рече Басал.

Некои светски агенции нагласуваат дека не можеле да добијат коментар од израелската војска во врска со ова тврдење.

Мохамед ал-Мугаџер, шеф на цивилната одбрана на Појасот Газа, за некои агенции изјавил дека во гробниците на болницата Насер биле откриени вкупно 283 тела.

- Досега најдовме закопани тела на 283 луѓе кои ладнокрвно биле убиени од израелската окупаторска армија, изјави Исмаил ал Тавабтех, шеф на одделот за комуникации на владата на Хамас, која е на власт во Газа.

Болниците во Појасот Газа беа директна цел на воената операција што ја спроведува израелската армија на палестинска територија по смртоносниот терористички напад што припадниците на Хамас го извршија од Газа на 7 октомври во Израел. /МИА

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година.

Стотина политички затвореници во Белорусија, приведени во текот на жестоката конфронтација меѓу властите и опозицијата во изминатите години, имаат многу сериозни здравствени проблеми и можеби се на работ на смртта, соопшти „Вјасна“, белоруската организација за човекови права.

„Вјасна“, чиј основач е нобеловецот Алес Бијалијацки, кој, исто така, се наоѓа зад решетки, идентификуваше 93 затвореници чија здравствена состојба е особено загрижувачка, поради проблеми со рак, срце, болести и други состојби - запоставени или лошо третирани во затворски услови.

-Во заробеништво секоја болест напредува побрзо, во комбинација со недостаток на квалитетна здравствена заштита, изјави претставникот на „Вјасна“, Павел Сапелка и додаде: „На ова влијаат затворските услови: недостаток на свеж воздух, неухранетост, постојан психолошки притисок и стрес“.

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година, кога беше оспорена шестата последователна изборна победа на авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Активистите за човекови права веруваат дека околу 35.000 луѓе биле приведени за време на задушувањето на тие демонстрации, од кои многумина биле претепани од полицијата.

Сите значајни опозиционери се или во затвор или во егзил.

„Вјасна“ проценува дека зад решетки во Белорусија има повеќе од 1.400 политички затвореници. /МИА

притисни ентер