Карлеуша на Цеца и покажа среден прст?

Во интервју за емисијата Гламур, Карлеуша најавува спектакуларен концерт за вечерва. На прашањето дали навистина ќе и ја отстапи бината на Цеца, таа покажа среден прст!
Но, Јелена Карлеуша ги обвини потоа медиумите дека измислуваат дека таа и Цеца се мразат. Погледнете го интервјуто во видеото.

Колку автомобили Ферари F40 има султанот од Брунеи? (ВИДЕО)

Најневеројатните гласини кружат околу колекцијата на овој азиски султан, и еве ја вистината.

Султанот од  Брунеи  има многу автомобили, а неговиот случај на „автоматска зависност“ резултираше со некои од најинтересните Ферари досега направени

Car Throttle го истражуваше Мекларен Ф1 и направи одличен анимиран филм  што дава точен и комплетен список на сите F40-ти што го изменил Брунејскиот султан пред да ги земе од фабриката.

Познато е дека султанот долго време го трошел своето нафтено богатство на специјални автомобили. Покрај споменатите Мекларен Ф1, тој нарачал и SUV од  Бентли, а пред  да пристигне Бентајга, собираше Ферари 456 и Мерцедес С-класа, бројни уникатни Астон Мартин и други интересни возила. Сепак, еден од неговите поголеми проекти  е креирање на колекцијата Ferrari F40.

Но, ова не се обични F40. Султанот сакал неговите автомобили да имаат волан на десната страна и  да бидат целосно во кожа, како и да бидат во бои кои не се предвидени за овој познат црвен автомобил со ограничено производство. Ферари не би го направил F40 на тој начин, но компанијата со задоволство ги менуваше за да бидат по мерка на богатиот клиент.

Резултатот беше колекција на F40, кои ги имаат скоро сите имаат управувач од десната страна, сите со кожни ентериери и бои што не се вообичаени.

Се сметаше дека султанот имал помеѓу шест и десет модифицирани F40-ти и се знае дека продал два во Европа преку Таларест. Ги има единаесет , од кои седум се трансформирани според желбите на султанот , уште два F40 LM, од кои едниот е црн со црвена лента, и уште два што очигледно никогаш не ја напуштиле Европа – жолт и сив со волан на десната страна. Гарела вели дека овие автомобили биле направени пред да пристигне во Пининфарина, така што нивната точна историја останува делумно тајна.


Фото:Французите повторно имаат луксузна лимузина во Европа

Премиум марката „DS“ која е во сопственост на компанијата Пежи- Цитроен, го претстави новиот луксузен седан на европскиот пазар.

Моделот „DS 9“ поставен е на „PSA“ механичката платформа „EMP2“ со преден погон, која на пример ја користи и Пежо 508.

Кинеската варијанта од „DS 9“ дебитираше минатата година а сега е претставена и верзија која ќе се продава во Европа.

Автомобилот е механички базиран на Пежо „508 L“ со продолжено меѓуосовинско растојание, кој исто така се продава во Кина.

„DS9“ во почетокот ќе биде достапен со хибриден погонски систем кој се состои од бензински мотор и електромотор со вкупна комбинирана сила од 225 коњски сили.

Батеријата со капацитет од 11,9 kWh му обезбедува автономија во возење на струја помеѓу 40 и 50 км, додека брзината во електричниот режим е ограничена на 135 км/ч.

Подоцна понудата на моторите ќе биде проширена со две бензински опции, верзија со 250 коњски сили со преден погон и топ модел со 360 коњски сили и погон на сите 4 тркала.

Првото појавување на „DS 9“ пред публиката ќе се случи на претстојниот саем за автомобили во Женева а продажбата на европскиот пазар започнува во втората половина на 2020. Цените не се соопштени.

Криситијано Роналдо ги разнежни фановите на Инстаграм со фотографија со неговите деца

Кристијано Ронално секој слободен момент го поминува со своето семејство.

Тој своите фанови ги разнежни откако објави на својот Инстаграм заедничка фотографија со децата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Funny moment with my babies 😀❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

-Смешен момент со моите бебиња, напиша тој во описот на фотографијата.

Потсетуваме, тој ја има ќерката Алана Мартина со манекенката Георгина и уште три дева кои му ги родила сурогат мајка.

притисни ентер