Почнува осмиот „Баскерфест“

Трупата „Ил Посто” од Италија во Веро центар во Скопје вечер ќе го отвори годинашното осмо издание на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, во организација на Здружението на граѓани „One way“, најави МИА.

Настапот на италијанската трупа е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап.

По Ил Посто, изведби ќе имаат и преостанатите учесници.
притисни ентер