Папата доби мотор и кожна јакна од Харли Дејвидсон

Познатиот произведувач на моторите Харли Дејвидсон одлучи на оригинален начин да го прослави 110-годишното постоење на компанијата.

Стотици бајкери се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан каде ги посети и Папата и на кого фановите му подарија два примерока на популарниот американски мотор и вистинска бајкерска кожна јакна, објави „The Washington Times“.

Харли Дејвидсон во Рим одбележува јубилеј  од 13 од 16 јуни, а според очекувањата на произведувачот, во градот треба да дојдат пола милион фанови на Харли Дејвидсон овие денови.

Врвот на претставата ќе се случи на 16 јуни, в недела, кога Папата Франциск ќе благослови околу 800 бајкери и нивните мотори собрани на плоштадот Свети Петар.
притисни ентер