За САД, Асад користи хемиско оружје – за Москва, Обама се однесува како Буш

САД ја зголемуваат воената поддршка за бунтовниците во Сирија, откако претходно Белата куќа објави дека поседува релевантни докази дека режимот на Асад минатата година во повеќе наврати користел хемиско оружје- сарин, против опозициските борци.


Веднаш реагираше Москва, која тврди дека се работи за фабрикувани податоци, исти онакви со какви што се служел Буш во ирачката војна. Аналитичарите очекуваат се да биде појасно по по средбата Обама – Путин на претстојниот самит Г-8.


Ја премина ли сирискиот претседател границата на некогашниот сојузник Америка? Ако се слуша Вашингтон – да, додека Москва тврди – ова е уште еден обид со фабрикувани информации да се влезе во нова војна, додека истовремено се излегува од две слични такви. Играта каде што правилата допрва ќе се воспоставуваат, ја започна Конгресот, каде клучни докази се снимки од болница во Алепо во која починале меѓу 100 и 150 луѓе како последица на нервниот отров сарин.
- Се надевам дека претседателот ќе одлучи да им даде оружје ан овие луѓе, за да се бранат себе си, додека руско и иранско оружје влегува неконтролирано во земјата на страната на Башар Асад. Пријатели, ова не е фер борба, изјави сенаторот Џон Мек Кејн, инаку републиканец.
Веста доби начање откако Белата куќа преку заменик советникот за национална безбедност Бен Роудс објави дека сирискиот режим ја минал црвената граница, што Обама јавно ја постави минатата година.
- Црваната линија за нас е хемиското оружје, неговото размесување или употреба. Тоа би ги променило моите планови, изјави минатата година Обама.

Паралелно со информацијата дека Вашингтон одлучил да ја засили воената поддршка за бунтовниците, Белата куќа го испрати и досието за Асад во Москва. А за тоа како Москва ја сфати пораката, говори и фактот што реакцијата стаса преку Твитер, од првиот човек на комисијата за надворешна политика на Думата, Алексеј Пушков.

- Информацијата е фабрикувана од истото место од каде што излегоа и лагите за оружјето за масовно уништување на Хусеин. Обама тргна по патот на Буш, напиша Пушков.

Во целата ситуација каде е нејсно зошто се се случува сега, две години од почетокот ан крвопролевањата, единствено аналитичарите го поставија вистинското прашање: Која е целта? Зашто, ако треба да се присили Асад да седне на преговарачка маса, тоа ќе биде тешка, долготрајна и макотрпна работа, поради поддршката од Иран и Хезболах. Доколку, пак, треба да им се помогне на бунтовниците да остварат воена победа, тоа значи дека огромно количество оружје би се слеало во Сирија, што ќе го регионализира конфликтот и ќе го зголеми бројот на жртвите, кој според ОН досега е над 93 илјади.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер