Повикал полиција да се пожали дека му дошла грда проститутка!

Британецот го злоупотребал бројот за итни случаи во полиција, да се пожали дека повикал проститутка која испаднало дека е грда девојка, мислејќи дека полицијата треба да му ги заштити потрошувачките права!!!
Поради ова за малку ќе завршел 6 месеци во затвор, но на полицајците им станало жал за човекот кој очигледно не разбира како одат работите.

- Таа воопшто не изгледа како што се опишала во огласот. Воопшто не е убава - им се жалел „генијалецот“ на полицајците по телефон!

Дури и кога малку погрубо му рекле да ја зтавори слушалката, тој им се заканил на полицајците дека лично ќе оди во станица да си ги бара правата!?

Видео - Фото: Мама манекенка ја дои својата ќерка на пистата

Манекенката Мара Мартин направи несекојдневна и неочекувана работа за  време на ревијата на костими за капење „Спортс Илустрејтед“ .

Убавата манекенка додека чекореше по  црвениот тепих  и го рекламираше златниот костим за капење ја доеше својата петмесечна ќерка.

Маркез: Дали ќе се смириме зависи од Роси

Нетрпеливоста меѓу возачите Марк Маркез и Валентино Роси датира уште од 2015 година, кога двајцата имаа сериозна кавга во Австралија и Малезија, но оваа година во Аргентина тие повторно го разгореа судирот.

Иако навидум делува дека по инцидентот во Аргентина страстите се смируваат, сепак Маркез во интервју за  италијанскиот весник „Кориере дела сера" ја префрла топката во дворот на Роси и наведува дека од неговата страна е се простено.

-Помирувањето не зависи од мене. Што се однесува до мене се е решено уште во 2015 година. Во Аргентина се случи проблемот во трката и барав простување. Казнет сум со одземање на бодовите и што уште треба да направам, истакна Маркез.

Двајцата возачи имаа судир во Малезија во 2015 година, при што Роси го турна од моторот својот Маркез, кој иако не беше кандидат за титулата возеше многу агресивно.

- Не знам како на Роси му успева и понатаму да се трка. Можете да тренирате и да бидете физички подготвени, Но мотивацијата да возите трки, да се носите со медиумите, притисокот, сето тоа не се тренира. Тоа е лудо и му се восхитувам поради тоа, наведе Маркез.

Возачот на Репсол Хонда воедно нагласи дека е тажен бидејќи неговиот колега Дани Педроса заминува во пензија.

Фото: Секси тенисерка крстари на јахта

По настапот на Грен слемот во Вимблдон и поразот во четвр-финалето словачката тенисерка Доминика Цибулкова замина на краток заслужен одмор.

Една од најсексапилните тенисерка на светот кусиот одмор го користи за во друштво на пријателка со јахта на крстари по Азурниот брег.

Доминика за сите своите активности редовно ги информира фановите на социјалните мрежи кои се воодушевени од нејзините фотографии. Кои според нив се само уште еден доказ дека словачката тенисерка е една од најатрактивните  на светот.

притисни ентер