Борба: Родила близнаци на автопат во пустина, едното го оживеала со вештачко дишење

Она што во неделата и се случи на младата мајка Линет Хејлс било голем тест за нејзината издржливост и храброст.

Линет требало да се породи во август. Во неделата утрото тргнала на пат за Невада со пријателка, не очекувајќи дека ќе добие породилни болки. Нејзината пријателка сакала да повика брза помош и полиција, но сфатиле дека се на сред пустина и немаат време ниту да чекаат ниту можат да стигнат во болница.

Уште додека пријателката вртела телефони, Линет го родила првото дете , но тоа не заплакало. Почнала да му дава вештачко дишење. Во меѓувреме дошле полицајците и продолжиле со напорите детето да продише, а Линет го родила вториот син.

Во моментот кога тој се раѓал, неговиот малку постар брат почнал да плаче - јавува FOX13.



Среќната мајка и двете бебиња стигнале во болница. Бидејќи се родени порано и полесни од 2 килограми, тие во болница ќе останат до август, но напредуваат добро. Храбрата мајка се избори за нивниот живот!

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер