Младенци ја прославија венчавката среде демонстрации

Паралелно со жестоките демонстрации, во Истанбул животот си тече понатаму.

Двајца штотуку венчани, вчера одлучиле, свечениот чин да го прослават со прошетка и тоа низ демонстрациите, заедно со сите гости.

Додека се движеле низ толпата, демонстрантите им честитале и им ракоплескале на невестата која била облечена во венчаница и на младоженецот кој елегантниот костум го дополнил и со еден детаљ – гас маска, за не дај боже.

притисни ентер