Видео: Ждребе си најде мајчинска утеха во кадифено мече

Ждребето Бриз од британскиот национален парк Дартмур си најде замена за топлината на мајчината прегратка.
Надлежните во паркот подолго време размислувале како да му ја надоместат мајчинската љубов на ждребето кое го пронашле гладно и напуштено во паркот, па дошле на идеја да пробаат со кадифена играчка. Ждребето веднаш ја прифатило и оттогаш не заспива на ниту едно друго место освен во скутот на мечето.

 

Фото: Ирина Шајк повторно во провокативно издание

Поранешната девојка на Роналдо повторно провоцира.

Руската манекенка Ирина Шајк позната е уште од времето кога бепе во врска со еден од најбогатите фудбалери на светот Кристијано Роналдо.

Згодната Русинка ја прекина врската со Португалецот уште пред пет години, но нејзиниот статус на ѕвезда во светот на модата е се уште и тоа како висок.

Освен што се бави со моделинг за врвни филми, Ирина често на својот Инстаграм знае да ги изненади своите фанови со провокативни фотографии и никогаш не разочарува.

Овој пат таа сподели фотографија на која на себе нема скоро ништо освен малку долна облека, ако тоа може така да се нарече.

Таа сподели и фотографија од младоста, на која исто така изгледа феноменално.

Холограмот на Витни Хјустон тргнува на турнеја

Најавена е минатата година а оваа и официјално почнува да се реализира.

Холограмската турнеја на покојната пеачка Витни Хјустон, која е најавена минатата година, предизвика бурни реакции и негодувања од нејзините фанови.

Ништо не е поинакво и денес, кога е објавено дека холограмската турнеја на Витни Хјустон ќе започне на 25 февруари, пишува „Си-Ен-Ен“.

Турнејата ќе започне на 25 февруари во Обединетото Кралство аснимките кои се бојавија на британските телевизии предизвикаа бурни реакции од нејзините фанови кои во најмала рака сметаат дека ова е непочитување кон пеачката.

„Ова е морничаво и омаловажувачки“,„Зошто заработувате на нејзината смрт?“, „Воопшто не личи на Витни“, “Не изгледа како таа, ниту пак изгледа вистински“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Витни Хјустон која умре 2012 година на 48 години, е последна ѕвезда која ќе добие холограмски третман. Пред нејзе правени се холограми за Тупак и Рој Орбинсон.

Иако на фановите не им се допаѓа, менаџерката на покојната пеачка Пет Хјустон изјавила дека на Витни би и се допадна овој холограмски концепт.

Топ 5 заблуди околу полнењето на батеријата на мобилните телефони

Дали полнењето на батеријата во текот на целата вечер го скратува нејзиниот животен век? Еве одговор на многу заблуди во врска со батеријата на вашиот мобилен телефон.

1.Полнењето во текот на ноќта доведува до преоптоварување на батеријата

Иако крајната цел на овој мит не е во целост невистинита, сепак се работи за погрешна претпоставка. Многумина веруваат дека оставањето на телефонот во текот на целата ноќ на полнач може да доведе до проблем со полнењето или до пократок животен век на батеријата. Сепак, паметните телефони се доволно паметни за да спречат преоптоварување на нивните батерии.

Кога батеријата на вашиот уред ќе достигне 100%, автоматски престанува да се полни, проблем може да настане доколку вашата батерија брзо се празни до 99% и тоа доведува до повторно активирање на полначот за да се одржи капацитетот на батеријата и тоа може да влијае на нејзиниот животен век.

Иако е тоа проблем, многу произведувачи денес прават батеријата да се полни побавно кога ќе надмине 80% или слични такви тактики, на тој начин одржувајќи го животниот век на батеријата.

Накратко, полнењето на телефонот во текот на ноќта нема да ја преоптовари вашата батерија.

2.Доколку батеријата секогаш се испразни до крај, ќе трае подолго

Ова можеби има најголем контраефект од сите митови. Оставањето батеријата секогаш да се испразни до крај пред полнење апсолутно не ја штити нејзината долговечност.

Всушност, многу експерти тврдат дека идеалниот начин за користење на батеријата на паметниот телефон е да ја ставите на полнач кога ќе биде на ниво од 20-30% што би требало да биде идеално за долговечноста на батеријата.

3.Полнењето на ладна површина ја штити батеријата

Некои телефони се греат додека се полнат. Како резултат на тоа, многумина сметаат дека е подобро доколку го стават телефонот на ладна површина или пред вентилатор додека се полни.

Иако е вистина дека топлината може да направи телефонот побавен и негативно да влијае на батеријата, поставувањето на лана површина не е решение. Всушност, држењето на ладна површина кога телефонот се полни доведува создавање на метален литиум во батеријата.

Тоа допринесува до уште побрзо празнење.

4. Користењето на телефонот за време на полнење влијае на животниот век на батеријата.

Не, користењето на телефонот додека се полни не влијае на долготрајноста на батеријата.

Единствено влијае врз брзината на полнење бидејќи додека го користите уредот трошите батерија, што не би требало да биде голем проблем доколку на телефонот не вршите нешто што премногу ќе го оптовари уредот додека се полни.

Меѓутоа, бидете сигурни дека не влијаете на животниот век на батеријата доколку го користите вашиот мобилен телефон додека се полни.

5.Вклученото „Wi-Fi“ троши многу батерија

Ова е една од главните заблуди кои многумина ја имаат во врска со батериите на паметните телефони.

Дури и ако „Wi-Fi“ е вклучено цело време додека телефонот е на полнач, тоа троши малку енергија. Многу мал дел од батеријата на вашиот телефон ќе биде истрошен доколку вашето „Wi-Fi“ е постојано вклучено.

притисни ентер