Марина од Црешнево денеска ќе биде примена во Детската клиника

Деветгодишната Марина Цветноска од селото Црешнево близу Македонски Брод која има вродена срцева мана денеска ќе биде хоспитализирана во Детската кардиохируршка клиника во Скопје.

Викендов ќе бидат извршени неопходните лабораториски и други испитувања, а в понеделник детето треба да биде оперирано од врвни американски доктори по детска кардиологија.

По потресната сторија на Канал 5 за ова десетчлено семејство кое живее во сиромаштија без елементарни хигиенски услови веднаш реагираа надлежните институции во државава. Во акцијата да се спаси животот на Марина се вклучија и одговорните на проектот за спас на децата со срцеви заболувања во Македонија.
притисни ентер