Груевски: Македонија нема никаква вина за откажувањето на Самитот на ПСЈИЕ

Претседателот Ѓорге Иванов постапи правилно со одложувањето на Самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Се судрија интереси на други држави, а Македонија нема каква било вина. Тоа го оцени премиерот Никола Груевски, во одговор на прашање од пратеникот од ДПА Имер Алиу на денешната седница на Собранието, јави МИА.

Алиу побара одговор за непоканувањето на Косово на Самитот на ПСЈИЕ, што требаше да се одржи претстојниот викенд во Охрид.

Груевски појасни дека ПСЈИЕ, како органзиација во која членува Македонија, има свои правила согласно кои дневниот ред и поканите се испраќаат со одредна процедура за која што е потребен консензус, односно за којашто која било од земјите членки има право на вето. Пред неколку дена, укажа, две од државите членки го искористија тоа право на вето и го блокираа предлогот со кој требаше да биде испратена покана и до Косово.

- Секако таа блокада не беше од РМ, туку од две други држави од регионот и кои не го кријат тоа и јавно кажуваат дека ја искористиле можноста да ја блокираат поканата согласно усвоните процедури и потпишаниот договор за таа регионална организација. Подоцна следуваа откажувања од страна на неколку претседатели кои не беа однос кон нас туку кон оние што го поставија ветото и беа ницвна комуникација на начин на којшто одбраа да биде, односно испраќање пораки. Јас жалам што дојде до таква ситуација, но Македонија не беше во ситуација да направи што било друго. Мислам дека од тој аспект е исправна постапката на претседателот на државата со која на крајот го одложи Самитот до разрешување на проблемите на државите во ЈИЕ, рече Груевски на седницата за пратенички прашања.

Според него, факт е дека Македонија испадна жртва во целата ситуација и веројатно истото ќе се случело доколку ротациската организација се паднеше друга држава од регионот. Повторно, посочи, ќе имаше од тие две држави вето и повторно ќе не можеше да биде испратена поканата.

- Се судирија интереси на други држави и дојде до тоа што дојде и од тој аспект беше исправна постапката на претседателот да се одложи, да се расчистат работите, да дојдат на свое место и кога ќе се создадат услови да се одржи тој самит, наведе премиерот.

Тоа што се случи, нагласи, не е ниту однос на владејачките партии во Македонија кон некоја етничка заедница во Македонија, вклучувајќи ја и албанската. Се работи за меѓународен форум во кој има договор за процедури за моментите кога се прават покани и кога се утврдува дневен ред и можноста за вето за поканите за дневниот ред што ги има секоја држава, а во случајов две држави дадоа вето.

- Тоа е целата работа. Жалам што понекогаш работи за коишто апсолутно Македонија нема каква било вина, ниту која било политичка партија, политичар или поединец. Наспроти тоа има само добра намера. Да се доведеме во ситуација ние да се браниме себеси, претседателот да се брани, Владата, е некоректно извртување на тезите. Во една таква ситуација кога имаме потпишано таков договор во една таква регионална организација Македонија не можеше да направи ништо освен да изрази жалење и да го одложи Самитот до мемнтот на арзрешување на постеочките проблеми, рече Груевски.

Претходно патеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васко Пашовски постави дополнително прашање дали Министерството за труд и социјална политика размислува за воведување поригорозни законски казни за педофилите, меѓу кои и хемиска кастрација. Причина за таквото барање, според Пашовски, е неодманешната одлука на Уставниот суд со која беше оспорена законската одредба за регистар на педофили.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими одговори дека Владата ќе направи дополнителни анализи и ќе излезе со конкретни решенија во насока на преземање поригорозни казни за педофилите.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер