Мајка ги затворила своите деца од раѓањето - излегле од дома на 20 години, кога таа починала

Ова им се случило на Марко и Маријана Станковиќ кои растеле како заробеници во својот дом во Пожаревац.

Марко денеска има 23 години а Маријана 21. Децата не ја обвинуваат својата мајка за она што им го направила. Веруваат дека го сторила тоа од огромна љубов и грижа кон нив, во околности во кои таа грижа се претворила во болест.

Таа била бремена со Маријана кога сопругот ја напуштил, а Марко добил здравствени компликации од примена вакцина - пишува Вечерњи лист.

- Со мојата болест и заминувањето на татко ни, кај мајка ни почна патолошкиот страв дека може да не стигне и поголемо зло. Не чуваше меѓу 4 ѕида. Кога сега мислам на тоа, причината е во нејзината преголема грижа и љубов која прешла во болест. Не ми е лесно ова да го зборувам бидејќи мама ни беше единствена потпора.И жртва. А ние двајца - жртви на таквата состојба.

Децата и верувале на нивната мајка кога им велела дека мора да бидат затворени бидејќи надвор има секакви опасности, некој може да ги киднапира, да ги одземат социјалните служби. Се дружеле еден со друг, си играле тивко да слушнат соседите дека има деца, а мајката на соседите им велела дека децата се кај татко им во Црна Гора. Не оделе на школо. Бабата и дедото ја пријавиле неколку пати мајката во социјалните служби но таа успешно ги сокрила децата - тоа се ретките можности за нив да го напуштат домот, само да се скријат од службите за кусо време. Кога мајка им пред 3 години починала биде сосема изгубени. Но, ги зеле бабата и дедото и ги пуштиле децата да живеат слободно.

- Наутро одвај чекам да станам. За мене е доживување да шетам на улица, да одам на училиште. За негоко тоа се мали работи но мене сето тоа ми е ново, уживам во секој ден - вели Марко.

Полицијата во Минск користи ласерски пушки против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС.

Околу 500 луѓе, претежно млади, се собраа во центарот на Минск.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти.

По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.

Не платила за чистење смет, ѓубраџиите и се одмаздиле (ВИДЕО)

Браќа кои се занимавале со отстранување на отпад и чистење  куќи се одмаздиле на клиент која, наводно, одбила да плати за нивната работа, истоварувајќи камион полн со ѓубре пред нејзиниот влез.

Џонатан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) од Кардиф, во Велс се одмаздиле на жена која не сакала да им плати за услугата. Браќата кои работат на отстранување на отпадот од Кардиф и расчистување на куќите, на 20 јули отстранувале стар мебел и отпад два часа и побарале 120 фунти за нивната работа, пренесува The Sun.

Меѓутоа, откако не платила до следниот ден, тие се вратиле во куќата и го истуриле ѓубрето по патеката.

„Ова им се случува на клиентите кои не плаќаат. Тие добиваат поврат на средства. Бесплатно е“, вели Калум во снимката пред Џон да го растовари отпадот. Еве како изгледаше тоа.

Браќата велат дека тие наплатиле 120 фунти за работата и велат дека станувало збор за работа од 200 фунти. Додаваат дека се чинела како пристојна дама која објаснила дека нема многу пари, па решиле да и наплатат само за да не бидат во загуба.

„Не требаше да заработиме, само сакавме да и помогнеме“, велат тие.

Францускиот премиер предупредува дека епидемијата оди во погрешна насока

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека стапката на инфекција со коронавирус во Франција се движи во погрешна насока и дека е потребно заедничко дејствување на национално ниво зашто ситуацијата ќе излезе од контрола.

,,Јавноста станува несовесна”, предупреди премиерот, откако беа пријавени скоро 5.000 нови случаи на ковид-19 од саботата до вчера, според официјалните бројки. Епидемијата однесе повеќе од 30.000 животи во земјата.

Бројот на позитивни тестови за вирусот се зголеми од околу илјада на ден пред три недели на скоро две илјади на ден сега, рече францускиот премиер за време на посетата на главната болница во Монпелје.

Земјата ќе го премине „прагот на претпазливост“ од 20 случаи на 100.000 жители оваа недела, предупреди тој.

Кастекс рече дека француската влада одлучила да ја продолжи забраната за собирање на повеќе од 5.000 лица до крајот на октомври и ќе подготви нови ограничувања за 20-те најголеми градови за да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од локалните власти исто така ќе биде побарано да направат повеќе за да ги охрабрат луѓето да носат маски на јавни места низ целата земја.

,,Секоја недела се спроведуваат над 600.000 тестови во Франција, што е задоволително, но може да се направат повеќе за да се опфатат повеќе лица со симптоми, рече премиерот.

„Ако не дејствуваме заедно, ризикуваме дека повторното ширење на епидемијата ќе биде тешко да се контролира“, рече Кастекс.

притисни ентер