„Сината е најтоплата боја“ - победникот на канскиот фестивал со експлицитни секс сцени

Приказната на режисерот Абделатиф Кешиш ја доби Златната палма на Канскиот фестивал, а фестивалот со ова, за оваа година го доби епитетот - шокантен.

Филмот кој е адаптација на еротскиот роман за лезбејска љубов „Le Bleu est une couleur chaud“, Адели Ексарчопулос е во улога на 15 годишната Адел која се вљубува во нешто постара студентка Ема ( Леа Сејду).

Жирито кое беше предводено од Стивен Спилберг на овој филм му ја додели Златната палма на канскиот фестивал.

- Ова е прекрасна љубовна приказна. Режисерот не наметна никакви ограничувања во нарацијата. Пушти сцените да се одвиваат како во вистинскиот живот.

Во филмот има 15 минутна експлицитна секс сцена. Главната актерка Адел Ексарчопулос доби само позитивни критики за нејзината глума.

Филмот е прикажан во Кан 5 дена откако Франција ги легализираше истополните бракови, а наградата е доделена во екот на протестите ширум земјата поради тој закон. Но од жирито изјавија дека протестите не влијаеле на одлуката кој филм да ја добие Златната палма.

Погледнете ги двете видеа - првото е трејлерот за филмот, а во второто видео можете да погледнете сцена од филмот.




притисни ентер