Мајката на бебето најдено во канализација тврди дека бебето и паднало во тоалетот!

22 годишната мајка на бебето е таа која алармирала дека детето паднало во тоалетната школка, но пред да дојде полицијата не признавала дека му е мајка на детето.

Конфузна и тратгична е приказната на маjката на детето кое живо беше извлечено од канализација во зграда на истокот на Кина. Весникот Душикуаибао пишува дека токму таа ја алармирала газдарицата на станот кога самата не успеала дa го извлече детето од тоалетната школка.

Имено, таа раскажала се пред полицијата по лекарскиот преглед. Рекла дека детето го родила во саботата попладне во тоалеtот. Тврди дека се обидела да го фати, но бебето паднало во тоалетната школка и надолу во канализациската цевка. Тогаш ја алармирала газдарицата и била присутна зa време на двочасовното спасување на бебето.

Од сите криела дека е бремена.Немала пари за абортус, сакала да го чува детето но не знаела како и била очајна. Таа раскажала дека човекот со кој го зачнала бебето не сакал да има ништо со неа, а за бременоста не им кажала ни на родителите.

Снимките од спасувањето на бебето го обиколија светот и предизвикаа згрозување од постапката и големо сочувство за недолжното детенце. Тоа е наречено бр. 59 по бројот на инкубаторот во кој се наоѓа во болница. Многумина во болницата носеле пелени и млеко во прав, некои веќе се понудиле да го посвојат.

Кинеската полиција на почетокот отвори истрага за обид зa убиство но не е сосема јасно дали мајката ќе биде обвинета.Локалната полиција одби дa комeнтира со образложение дека истрагата е во тек.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер