Македонија ја интензивира соработката со нордиските земји против криминалот со оружје

Клучниот фактор во борбата против кој било вид криминал е соработката. Доколку сакаме сериозни резултати, мораме да ја интензивираме уште повеќе затоа што само така ќе можеме задоволително да се справиме со организираниот криминал.

Ова, како што јави МИА, го нагласи државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Виолета Јанковска на денешната работилница посветена на недозволената трговија со оружје на која учествуваат полициски службеници и експерти од полициите од регионот, како и претставници на полициите на нордиските земји.

Таа констатира дека МВР односно Република Македонија е на чекор од реализација на член 4 од Директивата, во кој е наведено дека најдоцна до 31 декември 2014 година земјите - членки треба да воспостават компјутеризиран систем за регистрирање податоци на лица кои имаат набавено огнено оружје.

За Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, нелегалната трговија со оружје и опасни материи, но посебно поседувањето оружје како традиција и обичај во Македонија и на Балканот, претставуваат само по себе големо зло, како и поддршка на други кривични дела.

- Покрај тоа што нелегалното оружје транзитира низ Република Македонија, дел од тој транзит останува и овде. Но, од посебен интерес и значење е тоа што од Република Македонија големи количини оружје се носат и се продаваат кон Блаканот и пошироко, изјави Зврлевски. Производството, транспортот и продажбата на оружје поради големиот профит, констатира тој, е интерес на меѓународно организирани криминални групи. Зврлевски повика на адекватна реакција на полициските и правосудните сили од цела Европа и пошироко.

Директорот на одделот за јавна безбедност при Националниот центар за истраги на Данска, Мајкл Аск оцени дека нелегалната трговија со оружје е голем проблем за сите европски земји, дури и за скандинавските.

- Според меѓународните организации, вредноста на нелегалната трговија со оружје е стотици милиони американски долари годишно и се приближува до една милијарда долари, рече Аск.

Политичкиот советник во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Гжегож Кожуба нагласи дека контролата на трговијата со оружје е клучна во безбедноста и борбата против криминалот. Борбата против нелегалната трговија со оружје, подвлече, е на европската агенда барем 10 години. Меѓу предизвиците во таа насока е создавање база на податоци на сопственици на оружје.

- Оружјето е главно во сите кривични дела како што се трговија со дрога, со луже и тероризам. Како последица, нелегалната трговија со оружје преку граница бара заедничко делување на сите нивоа - меѓународно и локално, заклучи Кожуба.

Во полициските акции на МВР, лани се откриени 178 кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, за што кривично се пријавени 215 сторители. Запленети се 178 парчиња разновидно оружје, како и 8.682 парчиња различна муниција, 75 детонаторски каписли и 54,6 килограми експлозив. На територијата на Република Македонија, минатата година се пронајдени вкупно 122 парчиња оружје, од кои 65 гранати, 29 мини, 23 рачни бомби, по еден рачен ракетен фрлач, како и 4.780 парчиња муниција, 12 пакувања барут, седум детонаторски каписли, топовски удар, 21 пиротехнички средства-ракети, но поголемиот дел од пронајденото оружје беше старо, неисправно и нестандардно.

На 100 илјади граѓани сѐ уште чекаат пасош иако се фотографирале пред неколку месеци

Околу 100 илјади граѓани се уште не ги добиле пасошите иако се фотографирале и пред неколку месеци.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни Бојмацалиев дел од вината за ваквата ситуација ја префрла на министерот Тошковски и вели дека очекува темпото на издавање на личните документи да се нормализира по изборите.

-Според последните сознанија кои ги имам, над 100 илјади граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. Не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите а да не им ги дадеме пасошите, граѓаните чекаат негде и два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Гужвите пред пунктовите на МВР периодов значително се намалени за разлика од претходно иако собранието во март ги изгласа измените на изборниот законик со кои може да се гласа со важечки документ со старото уставно име. Сепак проблем се јавува кај граѓани кои со месеци чекаат да подигнат нова лична карта или пасош а во меѓувреме останале без важечки документ. Од канцеларијата на Народниот правобранител за Канал 5 велат дека добиле неколку такви претставки и следната недела најверојатно ќе излезат со предл решение за ваквата ситуација.

-Има претставки на луѓе кои се жалат дека им е истечена личната карта, дека им е блокирана сметката во банка и дека не можат да си ги подигнат средствата, меѓутоа бројот не е голем. Затоа за да се превенира ситуацијата и да не дојде голем број луѓе да заглават, бараме решение заедно со другите надлежни институции.- Народен правобранител

Инаку околу спроведувањето на изборниот процес подготовки се прават и во МВР. Во зависност од безбедносните проценки не е исклучена можноста и од засилено полициско присуство на места од висок ризик.

-На одредени места каде што ќе се процени дека треба да има зајакнато полициско обезбедување, дека треба од одделот за специјална полиција да има полиција и тоа ќе го направиме. Затоа овој период ги собиравме сите потребни информации, да знаеме на денот на гласањето како да се поставиме на избирачките места и во градовите. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Оперативниот штаб за полициското постапување за време на изборниот процес веќе фукционира и е сместен во рамки на Бирото за јавна безбедност.

Мостот Беласица го мина и последниот тест пред да се пушти во функција

Последни мерења пред целосно да се пушти во функција мостот Беласица. 

На оваа многу значајна сообраќајна артерија денеска се вршеа мереа под максимално оптоварвање за да се утврди дали може да се даде целосно зелено светло за повторното пуштање на сообраќајот на сите 4 ленти. Мерните екипи ги следеа сите параметри додека на мосто беа паркирани 6 натоварени камиони кои вкупно тежеа 208 тони нешти што во пракса и не се очекува дека може да се случи.

Досегашните мерења се оптимистички и во финалниот извештај кој ќе се испрати до градот Скопје кој треба да ја има конечната одлука најверојатно ќе стои дека мостот е целосно безбеден и нема никакви пречки да биде пуштен во функција

Инаку мостот беласица пред речиси цела година во мај лани првиќно беше целосно затворен за сообраќај по пожарот кој изби на тополоводните цевки кои спроведуваат топлинска енергија од Тето кон делови на населбата Аеродром. По првичните анализи и санации мосто после неколку месеци беше делумно пуштен во употреба со по една коловозна лента а со најновите мерења се очекува да биде наскоро и целосно во функција

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

притисни ентер