Мет Дејмон извонреден во улогата на љубовник на Мајкл Даглас

Филмот кој сите холивудски студија одбија да го снимаат затоа што бил „премногу геј“ , па мораше да биде направен за ТВ, собира одлични критики.

Мет Дејмон „нафрли“ мускули на своето тело, се рассоблече и пушти долга коса, но освен извонредната физичка трансформација и неговата глума беше високо оценета.



Тој во филмот на Стивен Содерберг „Behind the Candelabra“ го игра Скот Торсон, младиот љубовник на веќе остарениот пијанист Либерачи, одигран од Мајкл Даглас кој исто така собра извонредни критики.

- Тоа е совршена изведба на првиот нефиктивен лик кој го толкува Даглас - пипува Варајети.

- Даглас му даде длабочина на својот лик истражувајќи ја разликата меѓу сценската и приватна персона на пијанистот, борејќи се со последиците на стареењето и обидувајќи се да ја помири својата наклоност кон младите момчиња и татковските чувства - пишува во критиката.

Л.А. Тајмс го нарече филмот „мрачен но трогателен поглед на двајца осамени мажи кои накратко пронашле нешто што личи на љубов. Даглас изнедри физички и емотивно најкомплетна изведба во својата кариера.

Филмот не беше во конкуренција з аОскар бидејќи холивудските студија одбија да го снимат бидејќи бил „премногу геј“.

Куриозитет е што во овој извонреден филм Даглас всушност не свири на пијано. Според Лас Вегас Сан, се користеле специјални ефекти и во сцените во кои Либерачи свири пијано, наместо Даглас свири виртуозот Филип Фортенбери.

Погледнете го трејлерот за филмот кој сигурно ќе биде голем хит!


притисни ентер