Видео: Погледнете ја новата Хурем!

Улогата на Хурем во хит серијата „Сулејман Величествениот“ ќе ја превземе актерката Ѓулшин Сантирчиоглу, јавува турски Хабер.

Веста дека Мерјем Узерил, заради лекување од депресија, го напушти снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“, ги остави гледачите во дилемата - кој ќе ја превземе улогата.

Според неофицијалните податоци, новата Хурем ќе биде Ѓулшин Сантирчиоглу. Новата можна султанка е родена во Измир кој го напуштила поради кариерата и се преселила во Истанбул. Почнала да работи како пејачка по што добила низа улоги во телевизски проекти.

притисни ентер