Светот во шок: Откриен портрет на Анџелина Џоли без гради!

Помалку од две недели по објавата на Џоли дека ги отстранила градите во страв од развој на тешка болест, сликарот Џон Андерсон пред јавноста го откри контроверзниот портрет на актерката кој настанал по операцијата!

Портретот на шведскиот сликар е изложен во националната галерија на портрети во Лос Анџелес. Се очекува портретот да достигне цена од 20 000 долари. Сите пари ќе одат за добротворната организација “Falling Whistles“ која води кампања за мир во Конго, цел на која Анџелина Џоли и е многу посветена.

Да ја наслика Анџелина, тој бил поттикнат од неговата мајка која се бори со болеста од која стравуваше Џоли.



Image from: http://www.dailymail.co.uk/

Андерсон е познат и по портретите на Ејми Вајнхаус и Моамер Гадафи.

Зоран Заев во „Само Интервју“

Вечерва во „Само интервју“ гостуваше Зоран Заев.

Ако се врати „режимот“ на власт и Груевски се враќа и има намера да воспостави контрола врз правосудството преку Христијан Мицкоски, тоа го знам од сигурни извори, рече Заев.

Првиот момент кога дознав дека има индиции за криминал, пријавив, тоа ме прави различен од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го направив за пример, за никој да не го направи тоа што го направи Бојан Јовановски, рече Заев.

И да имаме 61 пратеник ќе влеземе во коалиција, тоа е здраво за државата. Уцената на ДУИ не чини, немаме предрасуда за етничката припадност но вака со уцени, не. Верувам дека и Зибери ќе гласа за СДСМ, рече Заев.

Јас сум кандидат за Премиер, одлуките се донесени. Се зависи од граѓаните, јас сум прагматичен и ќе разговарам со сите лидери на партии, но со уцени, не, рече Заев.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само интервју“ овде.

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгиев за МИА вели дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за КОВИД-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден. /МИА

Фото: Најзгодната медицинска сестра на светот!!

Лорен Дреин Каган е медицинска сестра, фитнес модел и персонален тренер. 

Атрактивната русокоса станала светски позната кога ги објавила своите мемоари како член на контроверзната „ Westboro“ баптистичка црква.

Атрактивната Лорен има повеќе милиони фанови на социјалните мрежи, секако поради својот изглед.

За многумина од нејзините фанови таа е „најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм“. На оваа социјална мрежа Лорен има повеќе од 4 милиони следбеници.

Иако понекогаш Лорен работи и 13 часа на ден, секогаш наоѓа време за интензивен тренинг со кои ја одржува својата совршена става.

притисни ентер