1.200 матуранти на плоштад „Македонија“ играа квадрил

Повеќе од 1.200 матуранти точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје играа квадрил.

На Матурската парада 2013 учествуваа средношколци од вкупно 19 скопски училишта, како и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга. Сите девојки носеа жолти маички, а момчињата темно сини.

- Европската унија, вашиот иден дом, е како овој танц, сите различни, а сепак исти, рече евроамбасадорот Аиво Орав, поздравувајќи ги матурантите.

Зорица Стаменковска од Агенцијата за млади и спорт изрази задоволство од огромниот број матуранти, учесници на парадата, кои, како што рече, годинава ќе успеат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

- Верувајте во себе, инспирирајте ги луѓето околу вас, не престанувајте да ги реализирате своите соништа, желби и замисли, им порача Стаменковска на средношколците.

Собирањето и подготовките на матурантите за парадата почна во 9 часот. Пред официјалниот дел тие продефилираа низ центарот на Скопје. Од градскиот плоштад продолжија да се движат по кејот „13 Ноември“, пред хотелот „Холидеј ин“ и паркот „Жена борец“, а потоа поминаа и низ портата „Македонија“.

Покровители на манифестацијата се Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, поддржувач е Делегацијата на ЕУ во Македонија, а за организацијата се погрижија Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и танцовиот клуб „Ритам плус“.

Според идејата на организаторите, со матурантите на градскиот плоштад излегоа и матурантите од 1963 година кои одбележуваат пет децении од својата матура. /МИА

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер