Јанкуловска:Новиот премин меѓу Македонија и Албанија ќе го олесни животот на граѓаните

Од денеска е во функција преминот Џепиште - Требиште. Во прво време ќе биде отворен само за пешаци, а потоа и за сообраќај.
На едно место македонските и албанските службеници ќе вршат контрола. Преминот ќе овозможи развој и на двете општини, сметаат министрите за внатрешни работи на двете земји.

- Отворањето на овој граничен премин ќе м го олесни животот на граѓаните од овој регион воедно да споменам дека ваквиот систем на функционирање со единствен заеднички премин единствена гранична контрола е показател за заедничката соработка меѓу двете земји, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

- Ќе овозможи  прекугранична соработка , размена на луѓе и добра и економски напредок.  Од  една страна имаме поголема безбедност а од друга и напредок, вели  Ги Винет шеф на одделот за безбедност  при мисијата на ОБСЕ во  Албанија.

Денеска на граничниот премин Ќафасан беше отворен и контакт центарот за  заедничка  соработка на двете земји.

- Ова претставува чекор напред  во соработката меѓу двете земји. Веќе имаме заеднички патроли и заеднички ќе дејствуваме  во спречување на меѓуграничен криминал, вели Фламур Нока министер за внатрешни работи на Албанија.

Македонија и Албанија заеднички ќе се борат и со криминалот и корупцијата во сопствените редови. За таа намена денеска потпишаа и меморандум за соработка во областа на внатрешната контрола.

Трамп: Отворете фабрика во својата земја, затворете ги оние во Кина

Претседателот на САД Доналд Трамп го засили денеска притисокот врз автомобилската компанија „Џенерал моторс“ (GM), повикувајќи ја повторно да ја отвори својата фабрика во Охајо.

„Затворете една фабрика во Кина или Мексико, каде толку интензивно вложувавте во периодот пред Трамп и донесете ги новите работни места дома“ – напишал Трамп на Твитер во пораката упатена до „Џенерал Моторс“.

Во твитот објавен изминатиот викенд, Трамп напишал дека официјалните лица под итно треба да почнат преговори со синдикатот на Обединетите работници на автоиндустријата (UAW) со цел повторно да се отвори или продаде фабриката на „Џенерал Моторс“ во Лордстаун.

 

Пронајдена 16-годишната девојка од Кисела Вода што вчера се оддалечи од домот

Вечерва од страна на полициски службеници е пронајдена 16-годишната О.П., за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во текот на вечерта, О.П. ќе биде предадена на нејзиното семејство. /МИА

Авиони на ДЗС го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода

Пожарот што денеска избувна во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума, наложи дејствување на воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Беше дејствувано вкупно седум пати со два авиона, при што беа исфрлени 35 тони вода. Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено се што е во нивна моќ, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со оглед на фактот, посочуваат од ДЗС, дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.

-Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба, наведуваат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување воедно упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

-Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација, стои во соопштението од ДЗС.

Пожарот избувна денеска околу 13 часот на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. /МИА

притисни ентер