Што велат првите луѓе во правосудството – како ќе се решава Монструм

Министерот за правда Блерим Беџети нема информации ниту дали Демири и Исмаиловиќ имаат косовски државјанства ниту од кога ги добиле. Сепак тврди дека има добра комуникација со косовските колеги.

За одлуката дали Косово ќе ги испорача во Македонија каде треба да им се суди за едно од најтешките кривични дела тероризам ќе почекал да заврши судењето против нив во косово

- Факт е дека има сторено кривично дело од обвинетите кои се тема и за екстрадицијата и факт е дека треба да заврши од правна гледна точка постапката во Приштина и после ќе добиеме одговор за екстрадицијата.

- Сепак да не прејудицираме отворајќи една дебата бидејќи имаме коректна комуникација со сите соседни држави, имајќи предвид и иницијативите што ги преземаме за понатамошно склучување билатерални договори со сите држави од регионот сметам дека треба да почекаме да завршат постапките, изјави Беџети.

Државниот обвинител Марко Зврлевски вели без оглед на тоа дали ќе има екстрадиција судењето против нив во Скопје продолжува.


-Без разлика дали ќе ги екстрадираат постапката пред судот ќе си продолжи и ние како обвинителство сметаме дека се виновни ќе ги гониме. Нашиот суд може да ги осуди во отсуство.
По правило таа пресуда, без разлика дали се во отсуство судени, има можност да биде признаена во Косово и да биде дадена на извршување. Искрено се надевам дека со оглед на тоа што немавме информација дека се двојни државјани, очекувам да бидат екстрадирани, ни изјави Зврлевски.

Со ист став и обвинителката Гешковска која го води Монструм.

-Мене лично не ме обесхрабрува. Ние продолживме со судењето имаме такви услови да им судиме и во отсуство. Постапката тече и ке продолжи и понатаму. Доколку бидат екстрадирани додека не биде објавена првостепена пресуда и повторно ќе почнеме со изведување на докази и давање на нивна одбрана, изјави Гешковска.

Гешковска во советот на јавни обвинители даде заклетва откако пред два дена беше избрана за шеф на скопското јавно обвинителство. Но поради сериозноста на предметот и понатаму останува паралелно и во Монструм.


Видео: Интернет го исмева Маск за позите што ги изведе на црвениот тепих

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“

Во текот на викендот, познати личности, спортисти и милијардери присуствуваа на 10-тата годишна церемонија на наградата „Breakthrough Prize Ceremony“ (позната како Оскари на науката), каде што врвните научници беа признати со награди од 1 милион долари.

На настанот се појави и Илон Маск, а неговото позирање на црвениот тепих беше... Па, прилично непријатно за гледање. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Некој од публиката му викна да ги стави рацете во воздух и тогаш се случи ова:

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“, „Како 12-годишно дете да се обидува да биде кловн во класот“, „Тој е толку скржав“, се само дел од коментарите на Твитер.

Извор: Индекс.хр

Од почетокот на руската инвазија во Украина како исчезнати се водат 37.000 лица

Украинските власти денеска објавија дека од почетокот на руската инвазија исчезнале околу 37.000 цивили и војници, што е нецелосна бројка бидејќи Русија окупирала речиси 20 отсто од националната територија, јави Бета.

„Речиси 37.000 лица исчезнаа, вклучувајќи деца, цивили и војници. Оваа бројка може да биде уште поголема“, напиша украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец на својот профил на Фејсбук.

Од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, загинаа неколку десетици илјади лица, цивили и војници, но не постои општа проценка утврдена од сигурни извори.

Процедурите за идентификација на загинатите и исчезнатите може да траат неколку месеци.

Украинската и руската армија само во ретки прилики објавуваат биланс на загинати војници.

Не е познат и бројот на цивилни жртви бидејќи нема сигурни информации на териториите окупирани од Русија од почетокот на инвазијата./МИА

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

притисни ентер