Канје Вест е геј?

Раперот воопшто нема намера да реагира на веста на In Touch. Таблоидот објави дека Вест е во врска со дизајнерот Рикардо Тиски.

- Да е Канје обична личност, да го нема богатството, славата, музиката, животниот стил, никој нема да пишува и да измислува глупости за него. Навикнал на тие работи. Ким и Канје знаат дека таблоидите мора да заработат и тажно е што тоа го прават преку нивниот грб - вели извор за Холивуд лајф и додава дека за сето ова на раперот не му е гајле!

Од друга страна поранешната девојка на Канје, Брук Критедон неодамна преку медиумите ја преупреди Ким дека тој е зависен од секс и склон на авантури, да внимава да не почне набргу да го дели со други жени кои секогаш му се на располагање!

Ким и Канје набргу го очекуваат раѓањето на нивното прво дете.

На плажа во Италија се породи жена која не знаела дека е бремена?!

45- годишна Австралијка која со семејстбото летувала во Италија се породила на плажа, а не знаела дека е бремена, пренесува „ Hafington Post".

Жената се породила на 1 август но веста е објавена денеска откако мајката и бебето здрави ја напуштиле болницата.

Машкото бебе е седмо дете на брачната двојка од Австралија која со години летува во местото Католици во близина на Римини, на италијанскиот брег на Јадранското море.

Мајката не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога започнало породувањето сфатила што се случува.

Според медиумите, таа се породила на плажа а во необичното породување голем удел имала бабица која случајно се нашла меѓу посетителите на плажата.

Брачната двојка откако мајката и бебето зџдрави си заминале од болница на детето одлучиле да му го дадат името Паоло, по момчето дежурен спасител на плажата кое исто така многу и помогнало на мајката при необичниот настан.

Фото: Гола трудница, УФЦ убавица без ниту едно парче облека на себе

Една од најпозмнатите девојки во рингот,УФЦ убавицата Аријани Селестеје одлучила да позира гола и да го покаже својот труднички стомак. 

Фотката атрактивната спортистка веднаш ја споделила и на својот Инстаграм профил.

Популарната УФЦ убавица и манекенка со голата фотографија предизвика воодушевување кај своите фанови.

Инаку 34 годишната Аријани и нејзиното момче Тејлор Кинг на крајот на септември треба да станат родители.

Аријани и Тејлор посакуваат син.

Под фотката објавена на Инстаграм каде Аријани има 3,3 милиони следбеници, провокативната борачка напиша:

„Среќна сум што можам да најавам дека есенва го очекуваме малиот Крал“.

Јувентус му врачи отказ на Сари

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус по синоќешниот неуспех против Лион, му врачи отказ на стратегот Маурицио Сари.

Клубот од Торино на својот официјален сајт објави дека италијанскиот стратег маурицио Сари веќе не е тренер на фудбалерите на Јувентус.

Црно белите од Торино му се заблогодарија на Сари се се што тој сторил за клубот, истакнувајќи го неговиот удел во освојувањето на деветета последователна титула шампион на Италија.

Сари доби отказ во Јуве по само една сезона на тренерската клупа, главна причина за отказот е испаѓањето на Јуве од Лион во осминафиналето од Лигата на шамионите.

Маурицио Сари минатото лето пристигна во Јуве како замена за Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми шпекулираат дека сега најблиску до клупата на Јувентус се некогашниот предводник на Тотенхем Маурицио Покетино и Зинеден Зидан кој најверојатно по вчерашниот неуспех на Реал во елитната шампионска лига ќе го напушти кормилото на Реал и Португалецот Паоло Соуза кој со Јуве како фудбалер има освоено две титули.

притисни ентер