Есма и Лозано не влегоа во финалето на Евровизија

И покрај импресивниот настап на Есма и Влатко Лозановски, Македонија ќе нема претставник на саботното финале на Евровизија во Малме.

Од втората полифинална вечер на Евросонг на која беа преставени 17 песни, во саботното финале ќе ги гледаме претставниците на Унгарија, Азербејџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија , Финска , Малта и Грција.

Влатко и Есма и покрај тоа што не се пласираа во големото финале, заслужуваат честитки за импресивниот настап на прекрасната сцена во Малме.

Саботното финале на Евровизија во Малме ќе биде првото по 1985 година без претставник од екс ју просторите, Македонија вечерва не успеа да добие доволно гласови за влез во финалето, во вторник без пласман во финалето останаа и екс ју републиките Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Инаку, пејачката од Финска го оствари она што го науми - нејзината нумера заврши со сочен бакнеж во име на правата на геј заедницата во нејзината земја.




Krista Seigfrids (left) in a rehearsal for Finland's Eurovision performance





















На плажа во Италија се породи жена која не знаела дека е бремена?!

45- годишна Австралијка која со семејстбото летувала во Италија се породила на плажа, а не знаела дека е бремена, пренесува „ Hafington Post".

Жената се породила на 1 август но веста е објавена денеска откако мајката и бебето здрави ја напуштиле болницата.

Машкото бебе е седмо дете на брачната двојка од Австралија која со години летува во местото Католици во близина на Римини, на италијанскиот брег на Јадранското море.

Мајката не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога започнало породувањето сфатила што се случува.

Според медиумите, таа се породила на плажа а во необичното породување голем удел имала бабица која случајно се нашла меѓу посетителите на плажата.

Брачната двојка откако мајката и бебето зџдрави си заминале од болница на детето одлучиле да му го дадат името Паоло, по момчето дежурен спасител на плажата кое исто така многу и помогнало на мајката при необичниот настан.

Фото: Гола трудница, УФЦ убавица без ниту едно парче облека на себе

Една од најпозмнатите девојки во рингот,УФЦ убавицата Аријани Селестеје одлучила да позира гола и да го покаже својот труднички стомак. 

Фотката атрактивната спортистка веднаш ја споделила и на својот Инстаграм профил.

Популарната УФЦ убавица и манекенка со голата фотографија предизвика воодушевување кај своите фанови.

Инаку 34 годишната Аријани и нејзиното момче Тејлор Кинг на крајот на септември треба да станат родители.

Аријани и Тејлор посакуваат син.

Под фотката објавена на Инстаграм каде Аријани има 3,3 милиони следбеници, провокативната борачка напиша:

„Среќна сум што можам да најавам дека есенва го очекуваме малиот Крал“.

Јувентус му врачи отказ на Сари

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус по синоќешниот неуспех против Лион, му врачи отказ на стратегот Маурицио Сари.

Клубот од Торино на својот официјален сајт објави дека италијанскиот стратег маурицио Сари веќе не е тренер на фудбалерите на Јувентус.

Црно белите од Торино му се заблогодарија на Сари се се што тој сторил за клубот, истакнувајќи го неговиот удел во освојувањето на деветета последователна титула шампион на Италија.

Сари доби отказ во Јуве по само една сезона на тренерската клупа, главна причина за отказот е испаѓањето на Јуве од Лион во осминафиналето од Лигата на шамионите.

Маурицио Сари минатото лето пристигна во Јуве како замена за Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми шпекулираат дека сега најблиску до клупата на Јувентус се некогашниот предводник на Тотенхем Маурицио Покетино и Зинеден Зидан кој најверојатно по вчерашниот неуспех на Реал во елитната шампионска лига ќе го напушти кормилото на Реал и Португалецот Паоло Соуза кој со Јуве како фудбалер има освоено две титули.

притисни ентер