Преобратен ангел на Victoria`s secret: Се чувствував како проститутка!

Од врвен модел на овој познат бренд до обична сопруга и домаќинка. Кајли Бисути како попарена избега од од светот на гламурот и ја напушти кариерата на модел за долна облека. Вели се чувствувала како проститутка.

Денеска таа среќно живее во малиот град Биг Форк во Монтана со својот сопруг и неговиот син, нејзин посинок.

Во емисијата Today show Кајли со одвраност зборува за нејзините денови во Њујорк додека работела како модел.

- Се чувствував експлоатирано, како да го продавав своето тело.Позирав полугола, се чувствував како парче месо. Му благодарам на Бога што навреме ми покажа дека треба да донесам одлука и што не останав во тој свет уште 5 или 10 години.

Во одлуката да го напушти гламурозниот свет на Victoria`s secret како и чековите со огромни суми ја поддржал нејзиниот сопруг. Кајли тогаш имала 52 килограми и сите и велеле дека мора да ослабне, денеска има 56 и поубава е од кога било.

Своето искуство Кајли го опиша во книгата I'm No Angel: From Victoria's Secret Model to Role Model ( Не сум ангел: Од модел на Викторија сикрет до жена за пример)
Кајли со сопругот

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

притисни ентер