Љубителите на моторите од Балканот стигнаа во Велес

800 моторциклисти на исто толку јамахи, хонди, чопери и други видови на скапи и нешто поевтини мотори продефилираа синоќа низ Велес. Градот го дигнаа на нозе. Дефилето ја најави четвртата „мото бич забава“ на велешко езеро.

За да присуствуваат на неа од Сплит до Велес возеа 12 часа, поминаа 600 километри на нивните хонди и навреме стигнаа моторциклистите Томислав Главина и Владимир Ветва. Рекоа дека се четврти пат во Македонија поради убавата храна, квалитетното пиво и гостопримливите домаќини.

- Кај старите пријатели дојдовме, еве тука е Ацо од Велес, кај него бевме и пред пет години во 2008-ма а потоа доаѓавме уште два пати на рели затоа што Македонија е преубава држава и се исплати да дојдеш - вели Владимир Ветва од Мото клуб „Клис“ – Сплит.

Со доволно висок адреалин во себе за еден час возење на своите сузуки машини „долетаа“ од Врање и Лесковац вкупно 43 моторциклисти.

- Знаеме за забавата, ова е четврта година како доаѓаме за неа, ова е многу убаво место, забавата е добра и затоа доаѓаме – рече Саша Неамиќ, Мото клув „Примајкерс“ од Врање и Лесковац.

Додека чекаа да почне свирката во живо, на паркингот, покрај брегот на Младост, се стартираа моторите додека тркалата мируваа или вртеа во место. Моторциклистите ги промовираа машините.

- Нема подобар спорт каде што ве крева адреналинот од мотор. Секој спорт има своја предност но возењето мотор е посебно – смета - Ромео Јованов, од Мото клуб „Конзули“ во Битола.

Сите купија маица со натпис „Јас сум моторциклист, почитувај ме“ и влезница за концертот. Собраните пари ќе му бидат подарени на сиромашно семејство во Велес. Организаторот беше задоволен од одзивот на гостите.

- Манифестацијата веќе прерасна во балкански мото собир. Имаме гости од Хрватска, Словенија, Србија, соседна Бугарија – објасни Горан Јовиќ од Мото клуб „Носачи на крстот“ во Велес.

На мото бич забавата настапија триото Нешковски и групата „Леб и сол“. Тие и Драган Б.Костиќ беа причина сите присутни да го дочекаат утрото на брегот на Младост.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

притисни ентер