Полицијата во Кливленд на удар - имала траги за киднапираните, не сторила ништо!

Соседи пред неколку години во полиција пријавиле дека виделе гола жена во дворот на куќата како ползи, падната на рацете и нозете, во друг случај пријавиле дека некој тропал на врата од куќата чии прозори биле покриени со пластични кеси. Во 2004 полицајци дошле до вртата на куќата но не влегле!

Полицијата во Кливленд е под жестоки критики дека можела нешто да стори многу порано за трите жени кои 10 години биле во заточеништво во куќата на тројцата браќа Кастро во Кливленд. По нивното ослободување вчера, се појавија тврдења дека соседите и порано пријавувале сомнителни нешта кои ги забележале во оваа куќа, но полицијата недоволно темелно ги проверувала трагите.

Елси Синтрон која живее три куќи до „куќата на хоророт“ изјави дека нејзината ќерка пред неколку години видела гола жена во дворот во соседството.

- Јавивме во полиција но не не сфатија сериозно - вели таа за американските медиуми.

Друг сосед, Израел Луго, вели дека во 2011 слушнал тропање на вратата од куќата одвнатре, пријавил во полиција. Тие дошле, тропнале на вратата, никој не отворил и си отишле!

- Соседите сторија се што можеа, полицијата не направи ништо - вели Лупе Колинс, роднина на една од киднапираните.

Овој криминал ги потсети жителите на Кливленд на страотната случка пред 4 години кога полицијата беше исто така критикувана дека не сторила многу. Тогаш, во предградие на Кливленд, во куќата на Антони Совел беа пронајдени 11 тела на жени кои претходно исчезнале. Тој бил осуден на смрт, а роднините на убиените жени ја обвинија полицијата дека не се ангажирала доволно во потрагата по нив бидејќи тие биле сиромашни или зависнички од дрога.

Аманда Бери, Џина Деџисас и Мишел Најт по 10 години повторно се со своите семејства. Се ослободија откако аманда со помош на сосед успеа да избега од куќата и да повика полиција.

Официјална информација од полицијата за тоа во какви услови живееле тие, дали никогаш не ја напуштале куќата, дали биле врзани и сексуално напаѓани - нема, но извор од полицијата за USA Today изјави дека дел од времето тие биле оковани во синџири.

Калид Самад, поранешен помошник за безбедност, вели дека од полицијата дознал дека жените биле тепани додека биле бремени и на тој начин неродените деца биле убивани, а дека во куќата се пронајдени најразлични синџири.

Сами Морис од полицијата на Кливленд вели дека уапсените браќа се на испрашување од вчера, осомничени за силување и киднапирање, но се уште нема информации за насилства и како жртвите биле криени.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер