Трите киднапирани Американки во заточеништво родиле 5 деца?

Полицијата во Кливленд ги објави фотографиите на тројцата кои десет години држеа во заложништво три девојки, кои ги киднапирале како малолетнички.

Претходно полицијата ги уапси браќата Ариел, Педро и Онил, на возраст од 50 до 54 годишна возраст и во тек е проверка на сомневањата дека во текот на десетгодишната голгота на трите девојки тие родиле пет деца. Американските весници објавија непотврдени информации дека жените во куќата преживувале тешки малтретирања и биле тепани додека биле бремени за децата да не се родат живи!




Аманда Бери, Мишел Најт и Џина Дехесус беа пронајдени откако една од нив се обидела да избега, при што еден од соседите на киднаперите и помогнал да се јави во полиција.



Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка"

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка" со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка.

Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка", беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.

Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.

-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.

Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.

Воедно, Села се заложи за негова максимална посветеност, како и на коалицијата за решавање на овој проблем со што Попова Шапка ќе стане модерен туристички центар. /МИА

Шекеринска: 14 години Николоски само ветуваше решение за водоснабдувањето во Издеглавје

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 - Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје каде што даде изјава за медиумите.

„Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување.

Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје но и на Слатински чифлик.

После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата.

Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.

Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани.“

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Силјановска: Ќе ги зголемиме платите за 50% на лекарите и на медицинскиот персонал

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 проф. Др. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со здравствените работници.

“Туку што заврши средбата со 30 лекари и лекарки и друг персонал. Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор”, потенцираше Силјановска.

“Идејата за дежурни матични лекари како и идејата за формирање на болница за дневен престој мислам дека е час поскоро нужно решение што треба да се реализира. Проблемите со специјализантите веднаш треба да се решат додека се овде со нас и додека не заминале по светот. И да бидам искрена јас како некој што сакал да студира медицина но во последен момент направил погрешен чекор денеска имав задоволство да се дружам со инзворедно умни, инзвонредно хумани, инзворедно посветени луѓе кои ја заслужуваат мојата доверба и мојот респект. Знам дека сме во сигурни раце. Се надевам дека една друга власт ќе го препознае тоа и соодветно ќе го награди нивниот труд и ќе го стимулира нивниот понатамошен ангажман за здравјето на популацијата но и за здравјето на самата држава”, истакна Гордана Силјановска Давкова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер