Почина од скршено срце - мајката на една од киднапираните не дозна дека ќерка и е жива!

Драматичната приказна од Кливленд открива нови трагични аспекти - мајката на една од девојките кои 10 години биле држени во заточеништво починала од тага по ќерка си, не дочек да дознае дека таа е жива!

Аманда Бери исчезнала во 2003, само ден пред да наполни 17 години. Таа од куќата каде престојувала последните 10 години против своја волја, избега заедно со Џина и Мишел, другите две киднапирани жени, синоќа.

Нејзината мајка не губела надеж дека Аманда е жива - но не дочекала да ја види. Лоана Милер починала во 2006, три години по киднапирањето на нејзината ќерка, без да знае дека таа навистина е жива. Здравјето и се влошило по исчезнувањето на Аманда - пишува дејли меил.

Во 2004 Лоана одела на психијатар каде била убедувана дека девојчето сигурно не е живо штом не се јавува. Но мајката била убедена во спротивното.

- Лоана почина од скршено срце, велат нејзините блиски.

Аманда во заточеништво родила дете. И нејзината 6 годишна ќерка ја напушти куќата на киднаперите на нејзината мајка.

На оваа фотографија таа по 10 години повторно е со својата сестра Бет и со ќерката родена во заточеништво.

Happy reunion: Amanda Berry (center) was all smiles at the Cleveland Hospital alongside her emotional sister (left) and the daughter that she gave birth to during the 10 years she was held against her will

Си: Треба да изградиме отворена светска економија

Претседателот на Кина Си Џинпинг го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и да ја зајакне улогата на Г-20 во глобалното економско управување, оценувајќи дека заздравувањето од пандемијата е прилично неизвесно.

Говорејќи на виртуелната сесија на Светскиот економски форум, што традиционално се одржуваше во швајцарскиот скијачки центар Давос, Си рече дека глобалните економски изгледи остануваат неизвесни и предупреди дека во иднина може да се повторат кризите во јавното здравство.

Си, на кого ова му е прво обраќање на форумот од 2017 година, кога силно ја поддржа слободната трговија и глобализацијата, овој пат испрати слична порака, залагајќи се за мултилатерализам како излез од сегашните предизвици.

„Треба да изградиме отворена светска економија, да ги отфрлиме дискриминаторските и ексклузивни стандарди, правила и системи и да ги срушиме бариерите за трговијата, инвестициите и размената на технологија“, рече тој.

„Г20, меѓународен форум кој ги обединува 19-те најголеми економии во светот и земјите во подем и Европската унија, треба да се зајакне како голем форум за глобалното економско управување и светот да биде подобро координиран во макроекономската политика“, додаде тој.

Меѓународната заедница треба да се раководи според правилата и консензусот на сите земји, а не една или повеќе од нив да издаваат наредби, заклучи тој без да именува ниту една земја, пишува Ројтерс.

Јутјубер сакал да се пофали , па со Мерцедесот завршил во ограда (ВИДЕО)

На чистината тој успеал да најде ограда и да се забие во неа.

Популарниот јутубер кој стои зад каналот ДДЕ (DailyDrivenExotics), и покрај огромните ресурси и практика, покажал дека неговото возење не оди како што треба. Овој пат, тој го уништил престижниот теренец Mercedes G-Class во издание АМГ. Се разбира, сè е снимено со камера.

Видеото започнува со презентација на колекцијата во која неодамна пристигнал уникатниот Lamborghini Huracan без покрив. Потоа одлучил да се забавува на со палење гуми преку маневри познати како „крофни“, а потоа дошол до идеја да го стори истото со силниот Мерцедес.

Иако се претпоставувало дека G63 AMG ќе се најде на продажба, одлучиле го возат по кал и карпи. По неколку минути забава, Мерцедесот запре од заштитната ограда, а најголемиот дел од штетата е направен од носечки метален столб. Од друга страна, да не бил столбот, Мерцедес многу веројатно ќе завршел превртен на покривот.


Бразилската полиција прекинала забава со 1200 лица, организаторот избегал

Бразилската полиција, среде пандемијата на коронавирус, денеска растури „рејв забава“ на која присуствувале околу 1.200 учесници, пренесува порталот Г1.

Лицето одговорно за организирање на забавата, наводно, избегало.

Претходно, полицијата прекинала неколку помали забави во Сао Хозе дос Пинхаис, во пошироката област Куритиба.

Бразил е едно од најголемите жаришта на пандемијата, а состојбата се влошува со новиот, мутиран сој на вирусот, за кој што се смета дека е повеќе вирулентен од порано.

Во таа најголема земја во Јужна Америка досега се регистрирани околу 8,8 милиони случаи на инфекција, од кои само САД и Индија имаат повеќе заразени.

Околу 217.000 луѓе починале од ковид-19 во Бразил, што е најмногу по Соединетите држави.

Во бразилската држава Парани, чиј главен град е Куритиба, досега биле заразени 520 000 луѓе со коронавирус, а 9,300 починале, пишува информативниот портал Г1.

притисни ентер