НАСА: Марс му е суден на човештвото

Марс е нашата судбина, но и приоритет на Соединетите американски држави, порачал првиот човек на НАСА Чарлс Болден кој додал и дека почнуваат подготовки на астронаутите за мисијата и оти се надева на остварување на целта во триесеттите години од овој век.

- Човековата мисија на Марс е ултимативна цел и приоритет за НАСА – додал Болден.

Шефот на американската вселенска агенција кажал и дека предложениот буџет за наредната година изнесува 17,7 милијарди долари и дека претседателот Барак Обама ја подржува стратегијата за истражување на Марс.

Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, денеска со караванот „Оствари го сонот" ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.

Зибери разговараше со граѓаните од овој регион за предизвиците со кои се соочуваат, презентирајќи ги своите планови, заложби и идеи за иднината на овој регион, а исто така граѓаните имаа можност да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат во секојдневниот живот.

На средбите Зибери со соговорниците дискутираше и за неговите заложби за првите 100 дена од неговиот мандат, за важноста на ова патување, откривајќи ја идејата за првиот премиер Албанец, што претставува моќен симбол за еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите.

Зибери од жителите на овој регион побара поддршка за оваа идеја не само од албанските граѓани, туку и од Македонците и другите етнички заедници./МИА

Царовска во Кисела Вода: На 15 јули да гласаме за повисоки плати

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на трибина на Кисела Вода ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за бројот 3. 

"На 15 јули ве повикувам да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии за повеќе градинки. Ветивме дека ќе вложуваме во децата и најсиромашните и го направивме тоа. Го подигнавме стандардот. Стечајните работници коишто со години талкаа по улиците се обезбедени до пензионирање со месечен надоместок. Не ги заборавивме и повозрасните. Не калкулираме и не манипулираме со пензионерите. 324 илјади пензионери добија повисоки пензии за 722 денари.

Во Кисела Вода заедно со градоначалникот инвестиравме во нова детска градинка. За две и пол години изградивме, инвестиравме, реновиравме 44 градинки во цела држава од кои 16 се во Скопје. Продолжуваме да вложуваме во детскиот развој, затоа што оваа инвестиција е највредната и најзначајна за иднината на нашата држава", рече Царовска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Заев од Кисела Вода: На 15 јули избираме напредокот да продолжи уште повеќе

Претседателот Зоран Заев денеска заедно со носителите во изборната единица 1 Никола Димитров и Мила Царовска учествуваше на граѓанска трибина со граѓаните на општина Кисела Вода.

Пред присутните тој порача дека на 15 јули не очекуваат важни избори на кои ќе треба да го потврдиме напредокот, за државата да продолжи по исправниот пат.

- Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место со заокружување на бројот три. Во моментов нема подобра и посигурна опација од СДСМ и Коалицијата „Можеме". Доказ за тоа е фактот што за три години направивме многу и на домашен економски, но и на надворешен план. Затоа денеска со чист образ ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден, нов и чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики, за да продолжи напредокот уште повеќе, порача претседателот Заев, додавајќи дека гласањето на 15 јули ќе биде безбедно по здравјето на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер