Ставиле отров во јогуртот на две деца од конкурентската градинка - децата се мртви!

Ужасно злосторство во Кина - директорка на градинка и нејзиниот помошник се уапсени осомничени дека ставиле отров за глувци во јогуртот на две девојчиња од конкурентската градинка. Намерата им била да ја оцрнат другата градинка. Девојчињата од 5 и 6 години се мртви!
Голема трагедија во северната провинција Хебеј во Кина. Помошникот на директорката на една градинка ставил отров во јогуртот на две деца од друга градинка. Децата го нашле јогуртот во своите ранци и го испиле.

Директорката на градинката Ши Хасја и нејзиниот помошник Јанг Венминг признале дека тие го сториле злосторот - пишува Чајна дејли и додава дека нивната намера била да ја уништат репутацијата на ривалската градинка.

Позната манекенка целосно го смени имиџот (ФОТО)

Покрај тоа што е позната дека со години експериментира со стилотна облекувањето , манекенката Кара Делевињ сака да ги менува и фризурите.

Иако е најпозната како блондинка , Кара сега премина на ,,темната страна” и тоа во целост.

Како што нејзината фризерка Мара Розак објави на својот Инстаграм, манекенката стана црнка и ја замени малку подолгата коса со популарна боб фризура.

Кара изгледа скоро непрепознатлива со својата нова фризура, а многу нејзини обожаватели ја поздравија одлуката и и рекоа дека доста потсетува на Руни Мару во „Девојчето со тетоважа со змеј“.

Инаку, Мара Розак потврди дека на фотографиите Кара носи перика, што било тест за вистинска промена на фризурата на манекенката.

Поради измама, откажан е концертот на Енрике Иглезијас во Загреб

Концертот на Енрике Иглесијас, кој требаше да се одржи во Арената во Загреб за само дваесет дена, е откажан поради измама, како и во Рига и во Минск.

Медиумите денеска известуваат дека зад организацијата на многу очекуваниот и најавуван концерт на светска поп-sвезда, цело време бил лажен организатор АртБГ.

Покрај во Загреб, откажани се и концертите во Литванија и Белорусија. Во изјавата објавена на веб-страницата на латвиската агенција, Балесу Сервис се вели дека промотерите „не ја исполниле својата страна од договорот за организација“, а Полстар открива дека ова не е прв ваков инцидент.

АртБГ, понатаму напишаа, се претставуваше како локален промотор и за други уметници, а по концертот тој ќе ги „земе парите и ќе си замине“, што го потврдија и контактите во Атина каде се одржа концертот на Брајан Адамс.

„За жал, по внимателно разгледување на сите можни алтернативи, бевме принудени да ги откажеме претстојните настапи во Загреб, Рига и Минск. АртБГ, продуцентот и организатор на настанот, не успеа да ги исполни договорните обврски со салите и сите елементи за овие три настани, безбедноста на нашите фанови и персоналот е приоритет, а не можеме да ја гарантираме, освен ако промоторот не ги исполни своите обврски “, се вели во соопштението.

Промоторите, наводно, доаѓаат од Бугарија, а откажувањето беше огромно разочарување за фановите на Енрике. На веб-страницата „Eventim“ каде беа достапни билетите денеска има кратко соопштение дека концертот е откажан и допрва треба да се открие што се случило со оние кои веќе купиле билети.

Малиот Јане Велковски се сретна со Дејвид Бекам

Mалиот Јане Велковски , кој ја претставува Македонија во Њујорк на Самитот на Обединетите нации за детските права.

Големиот навивач на македонската фудбалска репрезентација имаше прилика и да се сретне со славниот фудбалер Дејвид Бекам , кој одржа говор како амбасадор на УНИЦЕФ.

Јане стана вистински симбол за истрајност во борбата со реткото заболување спинална мускулна атрофија. Јане има 11 години и сонува еден да игра фудбал.

притисни ентер