Како ќе го препознаете дали е добар љубовник

Добрите љубовници се хедонисти, комуникативни и самоуверени, и гестикулираат кога говорат. Ако добро се бакнува - има што да покаже во кревет!

Не одете во кревет со некој кој не знае да се бакнува. Тоа е правило бр.1. Добро посматрајте го како се однесува - еве што „ќе го издаде“ дали е добар љубовник:

1. Добриот апетит кога јаде значи страстен либидо. Тој е подобар во кревет од оној со плочки на стомакот и режим со варено пилешко за вечера!

2. Ако говори монотоно со ист израз на лицето во него нема страст. Ако гестикулира и зборува со интерес за нештата - има надеж.

3. Каде седнува кога одите на вечера? Ако е свртен така да може да гледа кој влегува - не е добро. Треба да одбира место така да биде свртен кон вас, колку повеќе е фокусиран на вас, толку повеќе внимание ќе добиете кога сте сами!

4.Најважно - како се бакнува. Ако не знае да ве разбуди кога се бакнува, нема да биде ништо подобар во кревет. Ако е внимателен и бакнува со страст и при тоа ја држи вашата глава во своите раце - многу ветува како љубовник!
притисни ентер