Хорор во Чиле: Секта запалила бебе, мајката се гледала!

Во ужасниот обред за принесување жртва секта во Чиле запалила бебе пред очите на мајката!

Четворица припадници на сектата се уапсени за убиството на бебето а меѓу нив е и неговата мајка! Убиството било извршено во ноември кога бебето имало само 3 дена.

Police image of Ramon Gustavo Castillo Gaete
Водачот на сектата Рамон Густаво Кастиљо Гаете од февруари е во бегство. Се трага по него бидејќи полицијата смета дека токму тој, кој веројатно бил татко на детето, ја натерал мајката да се согласи детето да биде жртвувано!

Ужасниото убиство членовите на сектата го извршиле на тој начин што го врзале бебето и го фрлиле живо во оган кој претходно го запалиле во дупка длабока два метри - пишува Би Би Си. Сите членови на сектата користеле халуциногени дроги. Водачот на сектата имал сексуални односи со сите жени кои припаѓале на оваа секта и затоа се верува дека тој бил татко на детето кое решил да го жртвува.

- Бев скршена од болка но сектата ми рече дека така мора да биде и дека тоа е мојата карма - изјавила Наталија Гуеро, мајката на детето во полиција.

Полицијата во истражната постапка пронашла запалени коски кои одговараат на коски на бебе, на фарма оддалечена стотина килоометри од Сантијаго.


Овој човек, кој се смета себе си за господ, ја оформил сектата во 2005 година - пишува Би би Си. По него е распишана потерница.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер