Бикините излегуваат од мода?!

Дури 53 отсто од американските жени, ова лето ќе ги следат Ким Кардашиан и Софија Вергара, кои носат едноделни костими за капење, а голем број од жените признаваат дека оваа опција е подобра за нивниот облик на телото.

Иако бикините долго време беа еден од најпопуларните избори за на плажа, се чини дека од следното лето повеќето од жените ќе се одлучат за конзервативната опција со целосен костим за капење.

Од 2.320 анкетирани жени, само 18 отсто изјавиле дека планираат да облечат минијатурни бикини, а 29 отсто од анкетираните рекле дека ќе се одлучат за танкини.

Жените кои би се одлучиле за едноделен костим за капење, тврдат дека тоа иако е конзервативен избор, сепак подобро се прилагодува на нивната фигура и дека многу подобро би се чувствувале во него.Резултатите од анкетата покажуваат дека жените бираат костими за капење проценувајќи го затворениот дел кој го нуди моделот и ги истакнува нивните атрибути.

Од анкетираните кои биле прашани дали мислат дека имаат убаво тело, дури 82 отсто дале негативен одговор. Третина од анкетираните веќе се подготвуваат за летото и планираат диета до сезоната за капење и сончање.

Експертите советуваат дека треба да потрошите повеќе време и пари околу изборот на костим за капење, но тоа да биде костим кој ќе може да го носите и во следните сезони, пишува „DailyMail“.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер