Формирана ,,United group “ – групација на водечки pay TV оператори од регионот

На конференциите за печат во Словенија, БиХ и Србија, објавено е формирање на „United Group“, групација на водечките pay TV оператори во Југоисточна Европа.

United Group го сочинуваат Total TV, најголемата сателитска платформа во регионот; SBB, најголемиот кабелски оператор во Србија, Telemach Slovenija и Telemach BiH, најголемите кабелски оператери во Словенија и Босна и уште 15 помали фирми во доминантна сопственост на инвестицискиот фонд Mid Europa Partners и Европската банка за обнова и развој.

Отварајќи ја конференцијата за новинарите, Роберт Кнор, партнер на Mid Europa Partners, истакна дека од 2007 година, кога имаат извршено почетно вложување, до денес овие компании заедно ја имаат преминато бројката од 1,65 милиони резиденцијални и бизнис корисници на различни услуги. Групата поседува единствена инфраструктура кој ја покрива поголемиот дел од Србија, Словенија, БиХ, што заедно со магистралните водови кои го спојуваат Белград, Загреб, Сараево и Љубљана сочинува преку 10.000 км на оптичка мрежа.

Поранешниот американски амбасадор во Белград, Камерон Мантер, со задоволство се враќа во регионот како висок советник на управниот одбор на Групата. Тој верува во светлата иднина во овој регион, каде што компаниите како што се Total TV, SBB и Telemach, ќе покажат на пат на кој сите во регионот ќе ги пронајдат добрите страни на заедничката работа.

Само во 2012. како група имаат остварено 180 милиони евра приход. Заедничките вложувања изнесуваа преку 50 милиони евра и како што велат продолжуват со исто темпо. Водечки провајдери се на TV содржини во рамки на своите територии, SBB во Србија, Telemach во Б&Х, Telemach во Словенија и Total TV во сите земји на поранешната Југославија. Големина на групата и заедничкото искуство носат предност, како и можност на директни преговори со сопствениците на правата на телевизиските содржини, така и во вложување во најновата технологија. Се вложува голем напор сите програми да бидат на локалните јазици. Создадени се тимови со најквалитетните луѓе од групата, кои се вклучени во правење на стратегија во својот домен за сите пазари.

Тој нагласи дека со ваква пракса, грижа за крајниот корисник, квалитетот и разновидноста на услугите, Total TV, SBB, Telemach и United Group остануваат на патот на растот, како најзначајни провајдери на телекомуникациските услуги во сите земји на регионот.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер