Супермен на ремонт!

Актерот Двајн Џонсон(40) морал на итна операција по што на фановите им испратил слика од болничкиот кревет со пораката: „Супермен на поправка“.
Џонсон, кој инаку е и борач и е познат по прекарот „The Rock“(карпа), морал итно на операција по повредата во абдоменот што ја добил на мечот на 7 април.

Џонсон, за своите фанови, позирал во блуза со знакот на Супермен и им порачал дека операцијата била успешна. 

Поради измама, откажан е концертот на Енрике Иглезијас во Загреб

Концертот на Енрике Иглесијас, кој требаше да се одржи во Арената во Загреб за само дваесет дена, е откажан поради измама, како и во Рига и во Минск.

Медиумите денеска известуваат дека зад организацијата на многу очекуваниот и најавуван концерт на светска поп-sвезда, цело време бил лажен организатор АртБГ.

Покрај во Загреб, откажани се и концертите во Литванија и Белорусија. Во изјавата објавена на веб-страницата на латвиската агенција, Балесу Сервис се вели дека промотерите „не ја исполниле својата страна од договорот за организација“, а Полстар открива дека ова не е прв ваков инцидент.

АртБГ, понатаму напишаа, се претставуваше како локален промотор и за други уметници, а по концертот тој ќе ги „земе парите и ќе си замине“, што го потврдија и контактите во Атина каде се одржа концертот на Брајан Адамс.

„За жал, по внимателно разгледување на сите можни алтернативи, бевме принудени да ги откажеме претстојните настапи во Загреб, Рига и Минск. АртБГ, продуцентот и организатор на настанот, не успеа да ги исполни договорните обврски со салите и сите елементи за овие три настани, безбедноста на нашите фанови и персоналот е приоритет, а не можеме да ја гарантираме, освен ако промоторот не ги исполни своите обврски “, се вели во соопштението.

Промоторите, наводно, доаѓаат од Бугарија, а откажувањето беше огромно разочарување за фановите на Енрике. На веб-страницата „Eventim“ каде беа достапни билетите денеска има кратко соопштение дека концертот е откажан и допрва треба да се открие што се случило со оние кои веќе купиле билети.

Малиот Јане Велковски се сретна со Дејвид Бекам

Mалиот Јане Велковски , кој ја претставува Македонија во Њујорк на Самитот на Обединетите нации за детските права.

Големиот навивач на македонската фудбалска репрезентација имаше прилика и да се сретне со славниот фудбалер Дејвид Бекам , кој одржа говор како амбасадор на УНИЦЕФ.

Јане стана вистински симбол за истрајност во борбата со реткото заболување спинална мускулна атрофија. Јане има 11 години и сонува еден да игра фудбал.

За прв пат НАСА најде шеќери во метеоритите

Меѓународен тим  научници во метеорити пронајде шеќери неопходни за настанување на живот.

Овој наод ја поддржува хипотезата дека хемиските реакции на астероидите, матичните тела на многу метеорити, создаваат витални состојки за живот, и дека метеоритите на Земјата и пренеле елементи потребни за да се појават животот, пренесува НАСА.

Екипа на планетарни научници откриле рибоза и други шеќери, вклучително и арабиноза и ксилоза на два метеорити. Рибозата е клучна компонента на молекулата на РНК (рибонуклеинска киселина) која ги копира генетските инструкции од молекулата на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина) и ги доставува до рибозомите кои ги читаат за да изградат специфични протеини потребни за да се одвиваат биолошките процеси.

„Претходно во метеоритите, најдовме други важни градежни елементи за живот, вклучително аминокиселини и нуклеобази. Но, недостасуваше шеќери, кои се неопходни елементи за создавање на процесите на живот“, изјави научникот Џошихиро Фурукава од јапонскиот универзитет Тохоку.

"Оваа најнова студија го дава првиот директен доказ за присуство на рибоза во вселената, односноно на метеоритите. Вонземскиот шеќер можел да придонесе за формирање на РНК на Земјата или појава на живот", додаде тој.

Научниците сега планираат да анализираат уште поголем број метеорити за да добијат поголем увид во количината и преносот на шеќер на овие вселенски тела.

притисни ентер