Тина Тарнер стана Швајцарка

Американската поп дива Тина Тарнер стана државјанка на швајцарската конфедерација.

Црвениот пасош со препознатливиот бел крст, 73-годишната пејачка, го добила во понеделникот откако 20 години била регистрирана како жител на Швајцарија. Според пишувањата на швајцарските медиуми, се очекува таа сега да го врати американскиот пасош.

- Не можам да замислам подобро место за живот – изјавила Тарнер објаснувајќи дека најмногу и импонираат строгите швајцарски закони за заштита на приватноста.

Родена како Ана Ме Булок, Тарнер сега живее во Киснахт, град на брегот на Циришкото Езеро. За да го добие државјанството, таа морала да го научи германскиот јазик и да положи испит по општата култура и историјата на Швајцарија.

„Само Вистина" со Игор Јанушев

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Игор Јанушев.

Какво редефинирање на државата, што останува да се редефинира, дали некому му е скратено некое право, праша Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не потклекнува на уцени, ако ДУИ сака да биде дел од Владата ќе треба да се врати чекор назад од своите барања, рече Јанушев.

Заев е во состојба ако може и марсовец да земе само да остане на власт. Промена на химна, на грб на знаме нема да се случи дури и Хичкок да го режира тој научно-фантастичен филм, рече Јанушев.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Димитров: Кисела Вода сака да оди напред не назад

Сака надеж наместо темница, затоа на 15 јули заедно, масовно одлучуваме за подобра сегашност и посветло утре!   

Караванот на Коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ денес одржа трибина со граѓани на Скопска Кисела Вода. Говореа, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителите на ИЕ1, Никола Димитров и Мила Царовска и кандидатот за пратеник и претседател на СДММ, Дарко Каевски.

„Се ближи денот за една од најважните одлуки за нашата заедничка иднина! Коалицијата „Можеме" Ве повикува во среда да се придружите, масовно да излезете и да ја изберете единствената опција која чекори по вистинскиот пат! Придружите ни се на 15 јули, да ги почнеме преговорите со ЕУ, да создадеме европски стандарди дома. НАТО го испорачавме, сега следи ЕУ! Да не се лажеме, од другата страна е здружението кое сака да не врати во темницата, кое сака да го пропуштиме возот за ЕУ, да пропадне оваа златна шанса за нашата генерација. Ние тоа не смееме да им го дозволиме. Сите ние присутни овде, на чело со Зоран Заев, сме гаранција за сигурна иднина!" -истакна Димитров

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка"

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка" со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка.

Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка", беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.

Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.

-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.

Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.

Воедно, Села се заложи за негова максимална посветеност, како и на коалицијата за решавање на овој проблем со што Попова Шапка ќе стане модерен туристички центар. /МИА

притисни ентер