Ева Херцигова роди трет син

Чешкиот фото модел Ева Херцигова, пред неколку дена го роди своето трето дете, потврди денеска Милада Карасова од агенцијата „Чехословак моделс“ за чешките медиуми.

40-годишната Херцигова и нејзиниот партнер Грегоријан Марсеј, кои веќе ги имаат петгодишниот Џорџ и двегодишниот Филип, станале родители на уште едно момченце.

Пред извесно време, Херцигова изјави дека нејзините методи на воспитување се разликуваат од оние на нејзиниот партнер и призна дека таа е построга во тој поглед.

- Не е разликата во културата, туку во разликата меѓу мажот и жената. Мајката е секогаш построга, барем јас сум таква. Децата, кога јадат мора да седат покрај маса, да изедат се што имаат во чинијата. Тоа се правила кои настојувам да се почитуваат, изјави Херцигова за чешкиот неделник „Седмичка“.
притисни ентер