Трајановски се сретна со делегација на ПС на НАТО

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, претседателот на Советот Ирена Мишева и секретарот на Град Скопје Гордана Клинчарова денеска во Собранието на Република Македонија имаа средба со делегацијата на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста, Парламентарно Собрание на НАТО.



Како што информира Град Скопје, во состав на делегацијата биле Лорд Џоплин, претседател на Комисијата од Велика Британија, Виталино Цанас, претседател на Поткомитет за демократско владеење од Португалија, Жоли Гарио-Мајлам, потпретседател од Поткомитет за демократско владеење од Франција и претставници на земјите членки Франција, Грција, Полска, Турција, Хрватска и Руската Федерација.

- Град Скопје активно работи на оваа проблематика, односно на кризниот менаџмент. Формиран е и функционира Градски штаб за заштита и спасување, при што нејзин командант е градоначалникот на Град Скопје, а е составен од началник и помошници на началникот. Овој Штаб работи врз основа на Законот за заштита и спасување и со него се опфатени и јавните претпријатија, како и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, се вели во соопштението.

Градот Скопје од 2012 година е и член на меѓународната организација CTIF, Интернационална организација за пожари и заштита и спасување која дејствува во областа на заштитата и спасувањето и преку која во иднина ќе се врши едукација и дообука на кадри од областа на заштитата и спасувањето.

- На повисоко ниво е и соработката со збратимените градови на Скопје при што досега во повеќе наврати беше доделена техничка и едукативна помош. Согласно со Законот за заштита и спасување направен и донесен од Советот на Град Скопје е и План за заштита и спасување, и е направена проценка на ризиците. Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа има одредени права и должности кои се однесуваат на заштитата и спасувањето, особено на територијата на Град Скопје, а Скопскиот регион опфаќа вкупно 18 општини, кои произлегуваат од Законот за заштита и спасување, се вели во соопштението од Град Скопје.

На средбата бил потенциран значајниот придонес на земјите партнери во кризниот менаџмент, како и неопходноста од постојани активности кои ќе вклучуваат брифинзи и консултации, експертски посети, курсеви по кризен менаџмент, учество на партнерите на годишни вежби во НАТО за справување со кризи и обезбедување на општи документи за кризен менаџмент за земјите партнери.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер