Од куќа во Скопје украдени 8.000 евра и накит

Во тешката кражба се однесени 8.000 евра, златен накит, шест женски рачни часовници, два рачни машки часовници и разен бижутериски накит од марките „Сваровски“ и „Оксет“.

Според МВР, вчера од 08,40 до 14,10 часот, во куќа на  улицата Дебарска во Скопје, сопственост на  54-годишниот Н. Л., непознат  сторител извршил тешка кражба при што одзел 8.000 евра, златен накит, шест женски рачни часовници, два рачни машки часовници и разен бижутериски накит од марките „Сваровски“ и „Оксет“.

Сторителот кражбата ја извршил на тој начин што ја прескокнал оградата од  дворот, се прекачил на терасата од приземниот кат и со употреба на погоден предмет делувал на дрвената балконска врата, по што откако влегол внатре  извршил  пребарување и ги одзел наведените предмети. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
притисни ентер