И оттргнал златен синџир од вратот

Насилникот и пришол на повозрасната скопјанка и и го оттргнал златниот синџир вреден околу 20.000 денари.

Полицијата информира дека вчера, во 18,30 часот, на улицата Благоја Паровиќ во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба на дрзок  начин над 61-годишна Г.И. од Скопје, при што и одзел златно синџирче со два приврзоци, со вредност од  околу 20.000 денари. Насилникот, при  разминување, и пришол на оштетената и откако ја фатил со раце за вратот, го откинал и одзел златното синџирче и приврзоците и побегнал. Полицијата го бара насилникот.
притисни ентер