Крадци пронашле богатство што беровец го криел во амбар во жито

Мајка и син од беровско украле 6.000 евра, часовник и неколку штедни книшки од 74-годишник.
Според полицијата, вчера во 10,30 часот во полициската станица во Берово, 75-годишен Г. К. од селото Митрашинци пријавил  дека од помошна просторија (амбар за жито), лоцирана во близина на неговата колиба во која живее на „Раденковица“, од метална кутија која била во метално буре полно со пченка, непознат сторител одзел 6.000 евра во разни апоени, еден рачен часовник и осум штедни, девизни книшки.

По извршените оперативни проверки и поради постоење на сомнение дека е можен  сторител, полицијата извршила претрес во домот и во помошните простории на 34-годишен В. П. во селото Владимирово,  каде се пронајдени и со потврда одземени 1.450 евра.  При обавениот разговор со осомничениот и со неговата мајка С.П.(53), истите во целост го признале делото и го опишале начинот на извршување.

Увид на лице место извршила екипа од Берово и по целосно расчистување и документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Митрески: Со предлог Буџетот за 2020 вложуваме во човечки капитал, продолжува растот на платите и пензиите

Предлог Буџетот за 2020 година е потврда на заложбите на СДСМ за вистинска грижа за секој граѓанин.

Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал во зголемување на платите и пензиите и обезбедување на повеќе пари кај граѓаните.

Во Предлог Буџетот предвидени се средства за зголемување на платите од 10 отсто во образоавнието, 25 отсто за поголеми плати на лекарите специјалисти и 10 отсто за платите на медицинските сестри.

По одлуките за раст на минималната плата, растот на просечната плата, решението за  стечајните работници, растот на  социјалниот пакет за 300 отсто и уште многу други мерки, со предлог буџетот за 2020 година предвиден е раст и на пензиите.

Имајќи ги предвид економските параметри минатите две години, посебно порастот на просечната плата за повеќе од 2,297 денари, и на минималната за 4.000 до 5.500 денари, одлучивме да има и зголемување на пензиите.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.

Издвојуваме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството планирано е да отпочне проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, и продолжуваме со реализација на Регионалната Клиничка болница во Штип, втората фаза на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Струга, како и завршните работи во болниците во Струмица и Тетово.

Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови.

Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари.

Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за  патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на реални и одржливи политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите граѓани.

На прав пат сме, инвестираме во човечкиот капитал и се грижиме за сите граѓани.

Јован Митрески, пратеник на СДСМ

Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

 Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

–  Секоја година, при крајот на годината има примање и трансформирање на работни односи воедначено. Крајот на годината е можност за сите што поминале осуммесечен, деветмесечен приправнички стаж да може да напредува, да добијат решенија за трајно вработување и слично, а крајот на годината исто така ги прави и буџетските баланси за сите оние што отишле во пензија. Нема нешто повеќе, нема нешто помалку од она што постоело во годините без разлика дали следуваат избори или не, се пополнуваат испразнети места. Знаете дека администрацијата од 165 илјади е намалена на нешто под 140 илјади. Продолжуваме со тој тренд заради тоа што севкупната рационализација и потребата во приватниот сектор е се поизразена и исклучиво веруваме дека е тоа добро за државата, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека реформата во јавната администрација се одвива под буден мониторинг на Европската делегација. 

ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите за три години се оштетени за 1.800 денари

Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари.

Реакција на прес-конференцијата на Мила Царовска.

Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари.

Три години по ред власта не им дава  на пензионерите покачување од 600 денари, кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Пензионерите за три години владеење на СДСМ се оштетени за 1800 денари.

Наводното покачување кое од догодина ќе го имаат пензионерите е само покачување за една година, а притоа власта им ги задржа на пензионерите парите кои ќе ги добиеја со ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер