Наскоро нови супер батерии за мобилни телефони

Најголем недостаток на новата генерација телефони, таблети и преносни компјутери е батеријата , која мора да биде доволно силна за да овозможи нормална работа ,но и доволно тенка за да се прилагоди на дизајнот.




Со развојот на технологијата ,мобилните телефони се  потенки и со поголем екран, што многу влијае на батеријата и нејзината портошувачка.Батеријата многу често не е доволно силна за да го издржи целодневното користење на телефонот.

Меѓутоа група на научници од Универзитетот Илиноис, создаде микробатерии кои се полнат 1000 пати побзо од нормалните ,а наводни се и 2000 пати посилни од вообичаените батерии.

„Ако сакате долготрајна енергија , не може да добието голема сила. Ако пак сакате голема сила ,многу тешко ќе добиета долготрајна енергија .Модерните уреди  имаат потреба и од сила и од долготрајност ,а нашите батерии би можеле да го дозволат тоа“, запишал еден од истражувачите ,студентот Џејмс Пикул.

Новите батерии нудат , сила и енергија ,а нивната големина изнесува само неколку милиметри.

,,Наполеон” , кој си ја распарчи младата љубовница, се распадна во судницата (ФОТО)

На рускиот историчар кој призна дека ја убил и распарчил својата љубовница и студентка , му е одреден истражен затвор , а во исто време јавноста бара да се истражи неговото однесување и кон други студентки.

Олег Соколов, истакнат стручњак за Наполеон, во саботата беше упсен покрај  реката Мојка со ранец во кој имало отсечени женски раце.

Судот во Санкт Петербург вчера му одреди две месеци затворска казна по убиството на неговата 24-годишна партнерка и негова поранешна студентка , Анастасија Јешченко.

Соколов, професор на престижниот државен универзитет во Санкт Петербург, призна дека ја убил и распарчил девојката. Против него вчеравечер беше поднесено обвинение.

„Јас сум скршен поради тоа што се случи, се каам“, рече Соколов на суд.

Блед и неизбричен, 63-годишниот професор неколкупати сед расплака.

Тој живеел со Анастасија Јешченко последните неколку години.Полицијата, пак, пронајде повеќе остатоци од нејзиното тело во реката, пренесе Интерфакс.

На судот, Соколов се обиде да ја префрли вината на жртвата, кажувајќи му на судијата дека таа полудувала секој пат кога тој зборувал за своите деца од претходниот брак и дека го нападнала со нож.

Соколов е автор на  неколку книги за францускиот император Наполеон Бонапарта и честопати водел историски сцени од неговата војна против Русија. Награден е со највисок француски орден  - Легија на честа.

Тој и Јешченко напишале низа дела заедно и сакале да носат облека од тој период, а  Соколов често  се облекувал како Наполеон.

Јашченко, наводно, била убиена со огнено оружје за време на расправијата, по што професорот и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Откако се ослободил од деловите од телото, тој наводно планирал да се самоубие во тврдината Петропавловск  во униформа на Наполеон.

Овој ужасен случај го привлече вниманието за сексуалната злоупотреба и насилството врз жените во Русија, вклучително и на универзитетите .

Сега се појавуваат приказни дека Соколов претходно ги злоупотребувал своите студентки.Универзитетот вчера објави дека Соколов ќе биде отпуштен поради „монструозното злосторство“.

Повеќе од 30.000 луѓе потпишаа петиција преку интернет, во која ги повикуваат властите да ја испитаат администрацијата на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Во петицијата се тврди дека Соколов се однесувал „монструозно“ и објавија изјава од студентка која рече дека ја тепал во 2008 година, се заканувал дека ќе ја запали со жешко железо и ќе ја убие.

„Убиецот успеа да избегне казна од непознати причини“, се вели во петицијата и се додава дека полицијата, која ја игнорирала пријавата на жената, исто така треба да биде под истрага.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така студираше на овој Универзитет.

Кремљ вчера го нарече убиството на Јешченко „монструозно дело на лудило“, но се обиде да го прикаже како изолиран случај.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, одби да ги коментира извештаите за злоупотреби на руските универзитети, прашувајќи: „Каква врска има тоа со претседателската администрација?“

Русија нема конкретен закон со кој се казнува семејно насилство или сексуална злоупотреба на работното место, а феминистичките движења како #MeToo имаат многу мало влијание во земјата.

Мерцедес најави откази за менаџерите , нема добри вести ниту за 300 000 работници

Како и поголемиот дел од автомобилската индустрија, и Дајмлер се бори со опаѓањето на продажбата  како резултат на рецесијата, а има и стандардни проблеми како повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.

Еден од начините за борба против ваквите проблеми е да се заштеди, што во превод значи затегнување на ременот за работниците, како и за менаџерите. Во Дајмлер товарот на рецесијата веројатно ќе го почувствуваат сите вработени. Со овој план за штедење , Дајмлер ќе го намали бројот на раководни позиции за 10% или ќе отпушти околу 1100 вработени на раководни позиции. Покрај тоа, месечниот додаток за останатите 300.000 работници во Германија ќе биде замрзнат. Веста беше објавена од германскиот „Зидојче Цајтунг“, а потврдата дојде и од Ханделсблат и германската новинска агенција ДПА.

Дејмлер засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус . Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.

Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал Дајмлер претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.

Жена тајно снимила повик за помош: Газдите ме злоставуваат , ми ги горат рацете со врело масло !

Домашна помошничка од Бангладеш , која работи во Саудиска Арабија објави на социјалните мрежи порака за помош во која вели дека газдите ја малтретираат и сексуално ја злоставуваат , а меѓу методите им биле и горење со жешко масло и врзување.

Како што пишува Дејли Меил, жената на социјалните мрежи објавила видео , кое тајно го снимила , а во кое низ солзи раскажува за своето тешко искуство јак саудиските газди.

На снимката таа вели дека очајно сака  да се врати дома,зашто  била нападната, изгладнета и затворена 15 дена.

По оваа објава, Бангладеш побара таа да се врати од Саудиска Арабија. Жената го објавила видеото на Фејсбук, каде е споделено илјадници пати, обвинувајќи ги нејзините газди за безмилосен сексуален напад. Таа дури и ги покажа рацете целите со лузни.

„Можеби нема да преживеам. Ве молам, спасете ме. Ме затворија 15 дена и едвај ми даваат храна за тоа време. Ми ги гореа рацете со врело масло и ме врзуваа “, рече 25-годишната жена.

Нејзината објава предизвика протести во главниот град на Бангладеш, Дака, против лошите услови за работа.

„Ме носеа од една во друга куќа. Во прво време ме мачеа и тепаа повеќе пати, а потоа ме однесоа во друга куќа, каде го сторија истото. Не верувам дека ќе преживеам. Мислам дека ќе умрам овде. Ме тепаа и измачуваа. Ве молам, спасете ме, извадете ме од тука “, вели младата жена низ солзи.

Невладина организација во Бангладеш, обидувајќи се да ја донесе дома, рече дека 25-годишната жена сè уште живее со својот работодавец во Џеда и дека и го земале мобилниот телефон откако ја снимила видео пораката.

Од 1991 година, околу 300.000 жени од Бангладеш отпатувале на работа во странство.

Владата на Дака минатата недела ја повика државната агенција за труд да ја врати оваа жена што е можно поскоро.

Нејзиното семејство во Бангладеш се обидува да стапи во контакт со неа, но велат дека не успеале.

притисни ентер