30 дена притвор за осомничените од ,,Агент “

30 дена притвор за шесттемина осомничени во акцијата Агент , меѓу кои и поранешниот прв таен полицаец Слободан Богоевски.


Истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство и на двајцата се уште недостапни за полицијата , од кои едниот е словенечки државјанин.
Ноќеска адвокатската комора донесе одлука да не даде согласност на двајцата познати скопски адвокати да не им се определи мерка притвор. И покрај тоа , истражниот судија им изрече мерка притвор и на адвокатите , бидејќи во меѓувреме обвинителството го  повлече кривичното дело злоупотреба на службената положба . Адвокатите се осомничени како сопственици на фирми , а не како правни застапници. тие преку фалсификување документи и злоупотреба на службената положба испрале околу милион евра наменети за изградба на комплексот Меркатор во близина на спортската сала Борис Трајковски.

Вчера полицијата уапси четворица под сомнение дека переле пари и фалсификувале документи . Државата нема директна штета од криминалот на осомничените.

притисни ентер