Наумовски се откажа од прегласувањето на вториот круг во Ѓорче Петров

Александар Наумовски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од коалицијата „Сојуз за иднината“, денеска соопшти дека неговиот изборен штаб одлучил тој да не учествува на прегласувањето на вториот изборен круг на едно избирачко место во Волково.




- Истовремено ги повлекуваме сите наши контролори, изјави Наумовски, според кого овие избори се нелегитимни и спроведени спротивно на волјата на гласачите.

Наумовски најави дека лично ќе поднесе кривични пријави поради грубо прекршување на неговото, како што наведе, активно избирачко право помеѓу првиот и вториот изборен круг.

Според него, Управниот суд поништи едно избирачко место во Месната заедница Волково, каде има вкупно четири избирачки места. - Ако Управниот суд одлучил дека ова прегласување ќе влијае на изборниот резултат, како е можно останите три места да не бидат поништени, рече кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од Сојузот за иднината.

Русија го тестираше најмоќниот мразокршач на светот!!

Рускиот мразокршач „Артика“ на нуклеарен погон е најавен како најмоќниот брод од овој тип на светот. 

Бродот симбол на амбициите на Москва кон Северниот пол се врати во пристаништето во Санкт Петербург по дводневното пробно патување.

Овој моќен брод ќе биде наменет за транспорт на течениот природен гас од областите на Северниот пол. Бродот е долг 173 метри, висок 15 метри и има депласман од 14000 тони.

-Артика два дена беше во морето поради тестирања на алгоритамите за работа на уредите на бродот и маневрирањето, соопштил Мустафа Качка, директорот на „Атомфлот“ компанијата задолжена на руската флота на мразокршачи.

Иако има нуклеарен погон „Артика“ на ова дводневно патување користел дизел мотори.

Инаку, според зборовите на градителите овој моќен брод може да пробие лед дебел 2,8 метри.

Завршните тестирања на „Артика“ се закажани за март и април во 2020 година, а бродот се очекува да биде пуштен во употреба во мај во 2020 година.

Загадениот воздух ги затвори училиштата во Техеран

Иранските власти наредиле во недела да се затворат сите училишта во Техеран и повеќе градови низ земјата поради екстремно загадениот воздух.

Техеран веќе неколку дена е обвиен од сив дим, загадениот облак синоќа можел да се види да 20 километри оддалеченост од градот, пренесе Франс прес.

Гувернерот на провинцијата Техеран, Мохамед Тагхизадех донесе одлука за затворање на сите училишта во главниот град поради загадувањето на воздухот кое е штетно по здравјето на луѓето, информира иранската агенција Ирна.

Власта ги повика децата и повозрасните лица да останат во своите домови. Исто така не се препорачуваат спортски активности на отворено.

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Економијата тоне, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој додаде дека годината која била најавувана како економска е всушност најсиромашна и најтешка за живот. 

Лидерот на опозицијата денешната прес конференција ја посвети на економската политика на власта, со цел, како што вели, да ги разобличи лагите на Заев искажани на партиската трибина на СДСМ.

Увозот во вториот квартал е зголемен за 12% во споредба со лани, БДП е далеку од посакуваната бројка, за да се оствари енормниот буџет ќе фалат пари, обвини Мицкоски, кој спомена дека Заев потфрлил и со привлекувањето странски инвестиции.

 Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски го повтори и предлогот за усвојување резолуција во Собранието, за заштита и потврдување на автентичноста на македонскиот јазик. Според него, Заев продолжува со капитулантски чекори, но јазикот не смее да се најде на маса на преговори.

Претседателот на опозициската партија заклучи дека од април граѓаните ќе видат што навистина значи нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и најави економска политика во чиј фокус ќе се капиталните инвестиции и соодветното даночење на стопанството.

притисни ентер