Џафери: Косовските безбедносни сили на обука во Македонија

Македонија и Косово ќе соработуваат во безбедносната област, додека Џафери ветува дека на сите воени и одбранбени средби и состаноци Македонија ќе се заложи и косовските безбедносни сили да имаат свои претставници.



Талат Џафери за првпат како министер за одбрана го посети Косово. Се сретна со домаќинот , косовскиот министер за безбедносни сили Агим Чеку. И двајцата се надеваат дека Косово наскоро ќе има армија и министерство за одбрана според планот на Ахтисари, но тоа ќе зависи и од преговорите меѓу Белград и Приштина. А дотогаш Македонија и Косово ќе соработуваат во безбедносната област, додека Џафери ветува дека на сите воени и одбранбени средби и состаноци Македонија ќе се заложи и косовските безбедносни сили да имаат свои претставници.

Чеку ја истакна добрата соработка на одбранбените институции, како и понудените воени капацитети во Македојнија за обука и образование на припадници на косовските безбедносни сили.

-Ние делиме исти цели како што се евро- интеграциите, добрососедските односи за мир и безбедност во регионот, стратегиските односи со САД. Еден од основните столбови на градењето на одбранбената политика е градење на добрососедски односи како начин за подобрување на регионалниот мир и соработка, рече Агим Чеку, министер на косовските безбедносни сили.

Ниту косовските новинари не го поштедија Талат Џафери од прашање за протестите против негово назначување за македонски министер за одбрана, а тој кратко одговори дека тоа прашање во Македонија веќе е апсолвирано. Џафери се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи. Но неочекувано наспроти досегашната практика на македонските министри за одбрана, Џафери во агендата ја вметна и посетата на меморијалниот дом на загинатиот припадник на ОВК Адем Јашари во селото Преказ. На крај министерот Џафери се сретна со командантот на КФОР, генерал мајор Волкер Халбауер.

Додека судбината на Косово се решава во Брисел на средбите меѓу Дачиќ и Тачи, во Приштина владее исчекување на конечното решение. Можеби и поради тоа изостанаа и коментари за безбедносната состојба во регионот за време на посетата на министерот Џафери на Косово. Од Приштина Миомир Серафиновиќ, Канал 5 ТВ.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер