Промовирано првото мени на Брајово писмо за лицата со оштетен вид

Првото мени испечатено на Брајово писмо изработено за потребите на слепите лица, на иницијатива на Црвениот крст, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и Училиштето за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“, промовирано е денеска во Скопје, јави МИА.

Проектот го промовираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во еден од скопските ресторани Градска кафеана „Пелистер“.

- Менито на брајово писмо претставува една револуционерна активност. Од исклучително значење е поддршката која треба да им се даде на слепите лица. Поддршката што како држава и општетство им ја даваме, вклучително и приватниот сектор, е од суштинско значење за олеснување на нивниот живот и секојдневните потреби. На ваков начин и со вакви конкретни активности ние не само што ги исполнуваме обврските на РМ кон имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби, туку навистина помагаме на една категорија на граѓани кои имаат идентични секојдневни потреби како и сите други граѓани во Македонија, но имаат исклучителен проблем што не гледаат, рече Ристовски.

Тој изрази уверување, а вели имаат и информации дека поголем број приватни субјекти во РМ, ресторани и хотели, се приклучуваат кон овој процес, кој ја има поддршката на Министерството.

Коце Димов член при Сојузот на слепи лица, се заблагодари за оваа иницијатива, која како што рече ќе помогне на овие лица да ги надминат секојдневните бариери со кои се соочуваат. Покрај ресторанот „Пелистер“, кој е пионер во оваа област, изрази надеж дека и други ресторани ќе го следат примерот.

- Ова ќе значи информација плус. Не морате никого да прашувате што има на менито, туку тоа ќе може да го направите сам. Тоа ќе ја олесни и работата на луѓето во рестораните, со што ќе можете многу лесно, брзо и едноставно да порачате од менито, рече Димов.

Сузана Тунева од Црвениот крст на Град Скопје посочи дека дополнителен бенефит од ваков вид проекти е што придонесува и за ресоцијализација на лицата со оштетен вид во рамките на сите оние редовни активности што Црвениот крст ги спроведува.

Менито е печатено на Брајовиот печатар во Универзитетската библиотека „Климент Охридски“ во Скопје, а насловните релјефни страници ги изработија децата од училиштето за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер