Македонец и Израелец фатени со три килограми марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Свети Наум спречија обид за нелегално внесување на 3 кг марихуана. Уапсени се еден македонски и еден израелски државјанин.

Вчера околу 17:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Свети Наум пристигна автомобил Мерцедес Бенз – такси со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин, во кое како патник патувал македонски државјанин со иницијали А.М. Царинските службеници пристапиле кон рутински преглед, при што во патните торби сопственост на патникот, пронајдени се три најлонски кеси со непозната тревкаста материја, обвиткани со маици и сместени помеѓу алиштата. Со тестирање на материјата утврдено е дека станува збор за Cannabis Sativa, т.е марихуана во вкупна тежина од 3 кг.

По откривањето на случајот и брза акција на царинските инспектори од Одделението за истраги, во Охрид е лоцирано лице со иницијали Г.Р. - израелски државјанин со унгарски пасош, сопственик и организатор на транспортот на дрогата.

Според изјавите на осомничените А.М. и Г.Р., дадени во текот на информативниот разговор, тие меѓусебно се запознале преку социјалните мрежи една недела пред критичниот ден преку трето лице од Израел и ја договориле набавката и преносот на дрогата. На 15 –ти овој месец, за сума од 1.050 евра, лицето Г.Р. ја набавил марихуаната од Џирокастро, Албанија, но не ја пренел во Македонија, туку ја сокрил во грмушки во близина на албанско-македонската граница, а границата ја поминал пеш. Г.Р. подоцна се договорил со македонскиот државјанин А.М. за сума од 1.500 евра, А.М. да му ја пренесе дрогата преку граница и подоцна да ја смести во својата семејната куќа во Велес. Оттаму, потоа требало да ја пренесат марихуаната до Берлин, каде истата требало да ја продадат преку нивниот заеднички пријател.

Против сторителите, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до охридското Јавно обвинителство, а сторителите ќе бидат изведени пред истражен судија.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер