Видео: Џиновска дупка голтна три автомобили во Чикаго

Дупката широка 12 метри се појави вчера на авенија Јужен Хјустон.

Кога пожарникарите стасале на местото, два автомобили веќе биле во дупката, а наскоро и третиот автомобил со се возачот почнал да паѓа во кратерот кој постојано се ширел.

Возачот бил изваден и однесен во болница каде се констатирани полесни повреди.

Дупката настанала по големите поплави од силни дождови.

Јанушев од Берово: Заев и СДСМ жестоко ќе паднат

Народот е цврсто решен да победи и да се ослободи од тригодишната  тортура

Три ипол години живееме во време на криминал, корупција, уцени, закани, тортура од страна на Заев и СДСМ кон сопствениот народ. Но, доста е! Сите заедно сплотени почнувајќи од овде од Берово ќе издвојуваме голема победа за Македонија. Победа за почеток на обновата на нашата држава, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев на вечерашната средба со беровчани.

Ги слушам овие од СДСМ како продолжуваат бесрамно да лажат. Љупчо Николовски бега од мене и не сака да се соочиме на дуел. Па ја праќа Шехпаска и ја слушам како лаже. Нели ве убедуваше ви ветуваше дека ќе го отвори граничниот премин. Па пред некој ден се обидуваше да ја излаже целата македонска јавност дека таму се работело, или готово било и не знам што. Но, вие сите видовте дека тоа се само манипулации. Па како они вложиле во здравството. Не знам со кое лице не знам како можат да продолжат тоа да го зборуваат. Се фали како тие вработувале. Да. Ама кого? Само нивните золви, снаи и луѓе од нивните семејства. Сите ќе одговарате за криминалот кој го правевте. Или неуспехот на Николовски со зелената нафта. Преѓеска еден човек, земјоделец ми вели ми дадоа 971 денар за зелена нафта. Не ја зел, ми вели. Немам потреба тоа е потценување. Не можам да орам ни половина ден со таа нафта, вели земјоделецот. Затоа драги беровци тие ќе паднат. И тоа нивното можеме ќе биде минато свршено време и никогаш повеќе нема да го слушате, порача Јанушев.

Тој пред беровчани вети дека токму Христијан Мицкоски кој ќе биде премиер ќе ја сече црвената лента кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи граничниот премин Клепово.

-Се обврзуваме дека од првиот ден ќе започнеме да ја работиме документацијата за Коридорот 8а. На секој млад што ќе сака да се занимава со земјоделие, ќе му овозможиме 20 илјади евра неповратни средства за опрема и механизација. Затоа заедно сплотени, да излеземе на 15-ти јули, масовно референдумски и да си го вратиме достоинството , да бидеме горди македонци, заврши Јанушев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Лукаревска: Ја вративме слободата, вложуваме во човечкиот капитал

Колку ли работни места ќе се отвореа, колку ли ќе се зголемеа платите ако 650 илјади евра не се расфрлаа на кич, барок, стиропор и лажен сјај, излезете и гласајте за бројот три, за повисоки пензии и плати, за развој и заедништво.

Бескомпромисно се боревме да ја вратиме слободата и успеавме, вложувавме во човечкиот капитал наместо во погрешни инвестиции, се боревме да ги задржиме младите тука дома, не ги бркавме од државата, се боревме за граѓаните а не ги уценувавме, решававме проблеми а не ги создававме, ги враќавме парите кај граѓаните. Ова е нашата заложба и за вториот мандат, рече Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.

-Колку ли работни места ќе се отвореа ако 650 000 евра не отидеа за кич, барок, стиропор и лажен сјај. Колку ли платите ќе се зголемеа ако не се расврлаа пари на галии и на скапи палми, колку ли ќе се вложуваше во човечкиот капитал ако не се даваа парите за белата палата на ВМРО ДПМНЕ од која што гласно бараат обнова, а тоа значи обнова на режим. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Ја барам вашата поддршка на 15 јули, барам да ни дадете шанса за втор мандат, да излезете да гласате за бројот 3 затоа што бројот 3 значи повисоки пензии и плати, бројот три не носи на европскиот пат, бројот три значи напредок и развој, заедништво и благосостојба.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер