Тајм :Листа на нови 100 најмоќни

Годишното издание на Тајм 100 по прв пат има седум посебни поглавја ,од кои секој има по еден преставник во современите области на моќта.


Споругот на славната Бијонсе, раперот Џеј Зи е прогласен за еден од 100 највлијателни луѓе на светот, на новата листа на тиражниот магазин „Time”.
Годишното издание на Тајм 100 по прв пат има седум посебни поглавја ,од кои секој има по еден преставник во современите области на моќта.
Годинешбната листа на 100 највлијателни на Тајм е поделена на Титани, Лидери, Пионери, Икони и Уметници.

Покрај Џеј Зи , преставници се и Џенифер Лоренс меѓу уметниците, бизнисменот Елон Макс, сенаторот Ренд пол, тенисерката На Ли , индискиот актер Амар Кан и ученичната активистка од Пакистан Малала Јусафзаи.

Бремена жена убиена со самострел во Лондон, обвинет поранешниот сопруг (ВИДЕО)

Раманоџ Унмателегаду (51) е прогласен за виновен за убиството на својата поранешна сопруга , која ја убил со самострел среде Лондон.

Унмателегаду насилно влегол во домот на Сана Мухамед во источен Лондон на 12. ноември минатата година и ја застрелал пред нејзините пет деца. Иако Сана тогаш била осум месеци бремена, тој со самострелот и пукал  во стомакот. Сепак .  лекарите успеале да го спасат животот на нејзиното неродено дете. Сана била пренесена во болницата непосредно по нападот, каде бил извршен итен царски рез. Бебето преживеало, но таа починала неколку часа по нападот.

Судскиот процес откри дека обвинетиот и жртвата биле во брак на Маурициус кога жртвата имала 16 години. Нематалгагудо тогаш имал 30 години. Нивната врска завршила 2012 година затоа што мажот бил често насилен. Судот , при разводот му забрани да се приближува до домот на Сана во Илфорд, Источен Лондон.

Сана наскоро се омажила за Имјаз Мухамед, родила две деца и забременила со трето.

Обвинетиот и кажал на полицијата дека тој всушност сакал да го убие Мухамед, но дека неговата поранешна сопруга му го блокирала патот. Тој им рече на поротниците дека сака само да му се закани на Мухамед затоа што тој ја воспитува неговата ќерка како муслиманка.

Но, обвинителството потврди дека неговиот првичен план бил да ги убие неговата поранешна сопруга и нејзиниот сопруг. Имено, таа судбина вечер тој со себе понел два самострела, леплива лента, нож, жици, шајки и чекан.

Прототипот на вселенскиот брод на SpaceX експлодира додека го тестирале (ВИДЕО)

Прототипот на првото вселенско летало „Starship“ на SpaceX делумно експлодираше на тест-локацијата во Тексас.

Експлозијата се случила при тестирање на можноста на ракетата да издржи голем притисок на тест-страницата во градот Бока Чика, Тексас.

Експлозијата се случила при полнење гориво, а горниот дел од ракетата е уништен. Поточно, врвот на ракетата летнал околу 200 метри во височина.

Главниот извршен директор на „ SpaceX “ и основачот, Елон Муск на Твитер по експлозијата напиша дека ракетата Мк1 „има одредена вредност како насоки при изградбата, но дизајнирањето на летот е сосема нешто друго“.

Компанијата соопшти дека целта на тестот кај Бока Чика е „да се стави системот под максимален притисок за исходот да не биде целосно неочекуван“.

Додадоа дека нема повредени и дека овој настан не претставува сериозен проблем.

МВР го истражува скандалот, потребни ли се посебни сертификати за „дадилки“?

Врелите шлаканици по лицето на двегодишно дете од страна на дадилката која беше снимена од камерите во скопска игротека предизвика шок во јавноста. 

59 годишната дадилка била на сослушување во полиција. Од МВР најавија дека по собирање на сите доказни материјали ќе биде доставен поднесок до обвинителство.  Сопственикот на објектот откако ги видел снимките пријавил во полиција.

Жената била ангажирана дадилка од страна на родител на децата. Психолозите велат дека многу често туѓинци ги чуваат децата во домот, а без подобро запознавање на личноста. За психологот Јовановска ретко кој прашува за психолошката стабилност на дадилката.

Од министерството за труд и социјлна политика објаснуваат дека има закон за дадилки, но родителите најчесто најмуваат дадилка по препорака.

Од македонската асоцијација на дадилки регаираат дека тестот што се полага за дадилка е многу формален. За дадилка пред се е потребна посебна едукација исто како и едукациите во градинките.

Аризанова со совет најдобар згрижувач на децата се градинките. Но доколку детето не може да оди во градинка негователите да имаат потребен сертификат. Ова не е прв случај кога негователка физички малтеретира дете. Негователка која тепаше деца одлежува кзна затвор.

притисни ентер