Министерот Попоски на “ГЛОБСЕЦ” во Братислава

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум “ГЛОБСЕЦ“ што се одржува во Братислава од денеска до 20 април, во организација на Словачката атлантска комисија и Атлантскиот совет на САД.
Како што соопшти МНР, Глобалниот безбедносен форум “ГЛОБСЕЦ“ се смета за еден од водечките форуми за надворешна политика и безбедност во Централна Европа. Со учество на околу 500-тини учесници од повеќе од 40 земји, Форумот преку централно-европската призма ја заокружува стратешката дебата што ја дефинира трансатлантската надворешно политичка и безбедносна агенда.

Во фокусот на годинешниот ГЛОБСЕЦ Форум ќе бидат прашања што се централни за трансатлантската и регионалната соработка. Говорниците ќе дискутираат за иднината на НАТО, новиот институционален дизајн на ЕУ и глобалната економска криза.

Панелистите, исто така, ќе бидат ангажирани во дебати за карактерот на централно-европската соработка во областа на одбраната и енергетиката. Од останатите актуелни теми што ќе се дискутираат на ГЛОБСЕЦ се издвојуваат: „Нуклеарните амбиции на Иран“, „Идната улога на Европа во Азија“, како и „Предизвиците на европскиот југоисточен праг“.

Министерот Никола Попоски е предвидено да се обрати на панелот на тема „Ре–енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“, кој ќе се одржи на 19 април. Учество на овој панел ќе земат Комесарот за проширување при ЕК Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај, поранешниот премиер на Словачката Република, Микулаш Зуринда, како и истакнати претставници на невладиниот сектор од регионот.

Министерот Попоски ќе учествува и на гала-вечерата на тема „Иднината на ЕУ–централно европска визија“, се наведува во соопштението.

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.  

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи. /МИА

Утре променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето утре променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура од 11 до 18 а дневната највисока температура на воздухот

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога  ќе опаднат за неколку степени. /УХМР

Демонстранти фрлаат шок-бомби и камења врз полицијата пред Парламентот на Македонија

Шок-бомби и камења фрлаат дел од учесниците на вечерашниот протест  кон полицијата поставена пред Собранието на Македонија. 

Полицијата возврати со солзавец при што растера дел од учесниците во протестот. 

Протестот се одржува поради незадоволство од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.

Протестот е организиран преку социјални мрежи. 

Насобраните граѓани се обидуваат насилно да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Парламентот. 

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден. /МИА

притисни ентер